Бројот на оздравените во светот изнесува над 775 илјади

Расте и бројот на смртните случаи и во источните земји

1404852
Бројот на оздравените во светот изнесува над 775 илјади

Во период кога бројот на смртните случаи од новиот тип на коронаворусот (Ковид-19) во светот изнесува над 195 илјади,  бројот на заразените се зголеми на 2 милиони 800 илјади. Бројот на оздравените изнесува над 775 илјади.

Расте и бројот на смртните случаи и во источните земји.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Еквадор изнесува 576. Со раст од 11 536 дијагностицирани за само еден ден, вкупниот број на инфектирани изнесува 22 719. Властите истакнаа дека наглото зголемување на бројката е поврзано за бројот на тестовите.

Бројот на дијагностицираните од Ковид-19 на италијанскиот брод Коста Атлантика кој за одржување се вкотви на пристаништето на јапонскиот град Нагасаки се зголеми на 150.

Додека расте бројот на смртните случаи во арапските земји, се зголемува и бројот на дијагностицираните. Во прилог се дадени бројките на смртните случаи и дијагностициранте во некои земји:

Египет 294/ 4092, Алжир 415/ 3 127, Мароко 158/ 3 758, Тунис 38/ 922, Оман 19/ 1780, Јордан 7/441, Либија 2/ 61.

Вкупниот број на смртните случаи од ови-19 во Африка се зголеми на 1 300, додека вкупниот број на дијагностицираните изнесува околу 27 илјади. Бројот на оздравените се зголеми на 7 474.



Слични вести