Британија остро реагираше на лансирањето на сателитот од страна на Иран

Заедно со меѓународните партнери сериозно и долго време продолжува загриженоста во врска со балистичката ракетна програма на Иран

1404917
Британија остро реагираше на лансирањето на сателитот од страна на Иран

Британија соопшти дека лансирањето сателит во вселената од страна на Иран користејќи балистичка ракетна технологија се коси со резолуцијата на ОН.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Велика Британија беше истакнато дека ОН на времето го повика Иран балистичките ракети кои поседуваат капацитет да носат нуклеарно оружје да не ги употребува во никакви кативности, поради што Техеран е принуден да го почитува повикот на ОН.

Заедно со меѓународните партнери сериозно и долго време продолжува загриженоста во врска со балистичката ракетна програма на Иран која претставува закана за регионалната безбедност и дестабилизација.

САД го изнесе тврдењето дека Иран, балистичката ракетна програма која претставува закана за Блискиот Исток и Европа, ја крие во позадината на сателитските активности.

Иран пак го брани ставот дека ракетите кои ги развива се од конвенционален карактер.



Слични вести