Благодарност од Велика Британија до Турција
Британскиот министер за односите со Европа Венди Мортон се заблагодари за поддршката во заштитна опрема која има животно значење за здравствениот персонал

Велика Британија изрази благодарност за подршката од заштитна опрема којашто помош Турција и ја испрати на оваа земја во рамките на борбата против Ковид-19.
Британскиот министер за односите со Европа Венди Мортон во објавата преку профилот на твитер рече дека со турскиот заменик-министер за надворешни работи Фарук Кајмакчи „оствариле позитивен телефонски разговор.“
Министерот Мортон на разговорот се заблагодари за поддршката во заштитна опрема која има животно значење за здравствениот персонал кој се бори во првите редови и помошта во евакуацијата на британските граѓани во земјата.
Министерот за трговски политики Грег Хандс во објавата преку профилот на твитер истакна: „И благодарам на Турција. Со амбасадорот Умит Јалчин остварив добар и плоден телефонски разгоовор. Им благодарам на турските фирми и Владата за заштитната опрема.“
Турција по вторпат и испрати заштитна опрема на Британија во борбата против едпиемијата.