Состојбата со Ковид-19 во Азија и Африка: Расте билансот на смртните случаи и случаите на зараза

Продолжува да расте бројот на смртните случаи и на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) и во источните земји, а поготово во Азија и Африка

1404362
Состојбата со Ковид-19 во Азија и Африка: Расте билансот на смртните случаи и случаите на зараза

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 193.147 лица, на случаите на зараза над 2 милиони 759.909, а досега од болеста се излекувани и над 762.128 лица.

Како во западните земји на чело со САД и европските земји и земјите во Латинска Америка, расте бројот на смртните случаи и на случаите на зараза од Ковид-19 и во источните земји, односно во Азија и Африка. 

Во Иран бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 5.574, на случаите на зараза на 88.194, а досега оздравеа и 66.596 лица.

Во Кина, изворната земја на вирусот пак, 9 дена како нема нови смртни случаи, досега животот го загубија 4.632 лица, а 77.257 заболени ја победија болеста.

Во Специјалната административна област Хонгконг пак, кадешто досега починаа 4 лица, а се регистрирани 1.036 случаи на зараза под сенката на епидемијата се одржуваат испити за запишување на универзитет. Учениците кои влегоа на испитите кои пак поради епидемијата на Ковид-19 беа одложени еден месец задолжително носеа маски. Внимание привлече тоа што начинот на седење во училниците на испитите беше организирано со растојание од по еден метар во рамките на правилата на социјално растојание.

Во арапските земји расте ѝ бројот на смртните случаи ѝ на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 во некои арапски земји вака: Во Оман 9/1.716, Алжир 407/3.007, Ирак 83/1.677, Египет 287/3.891, Сомалија 16/328, Јордан 7/437, во Бахреин 8/2.217.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи на Регионалната курдска управа во Ирак кадешто животот го загубија 4 лица се истакнува дека делумната забрана за ислегување на улица којашто е започната на 4 април и се применува етапно е продолжена до 1 мај.

Во Катар досега поради Ковид-19 починаа 10 лица, а се регистрирани  7.764 случаи на зараза од вирусот. 

Во Тунис кадешто во последните 24 часа не е регистриран смртен случај од Ковид-19 и бројот на починатите од неделата досега остана на 38 лица, а се регистрирани 38 новозаразени лица со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 918 лица.

Експерти за човекови права при Обединетите нации (ОН) упатија повик да бидат ослободени илјадници ранливи палестински затвореници кои се држат во израелските затвори и кои се наоѓаат под закана на Ковид-19.

Во Индонезија поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се применува забрана во копнениот транспорт до 31 мај, поморскиот транспорт до 8 јуни и во железничките линии до 15 јуни.

На Филипините досега животот го загубија 477 лица, а се регистрирани 7.192 случаи на зараза од вирусот. Се предупредува дека по убиството од страна на комунистичките бунтовници на двајца војници кои биле во придружба на раздавање на храна и пари во областа Аурора која поради епидемијта на Ковид-19 се наоѓа под карантин, филипинскиот претседател Родриго Дутерте би можел да прогласи воена состојба во земјата.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Пакистан со раст за уште 13 лица во последните 24 часа се зголеми на 237, а на случаите на зараза со раст од 642 лица се искачи на 11.155.

Во Индија пак кадешто досега животот го загубија 722 лица, бројот на случаите на зараза за еден ден со раст од 1.680 лица се зголеми на 23.502.

Бројот на смртните случаи на континентот Африка од вчера наваму со раст од 51 лице се зголеми на вкупно 1.298.

На континентот во последните 24 часа се регистрирани приближно 1.300 новозаразени и вкупниот број на заболените лица од вирусот се искачи на вкупно 27.427 лица.

Просечната стапка на смртност од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Африка е околу 4,77 отсто, а бројот на оздравените изнесува 7.474 лица. 

 



Слични вести