Ковид-19 во светот досега одзеде над 190.000 животи, а се утврдени над 2,7 милиони случаи на зараза

Во САД вкупниот број на починатите од Ковид-19 изнесува 49.736 лица, Италија 25.549, Шпанија 22.157, Франција 21.856, Велика Британија 18.738, Белгија 6.490, Германија 5.404, Холандија 4.177, Бразил 3.313, Канада 2.491, Шведска 2.021, Швајцарија 1.549

1404274
Ковид-19 во светот досега одзеде над 190.000 животи, а се утврдени над 2,7 милиони случаи на зараза
abd korona.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
Koronavirüs ABD.2.11.04.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
Koronavirüs İtalya Milano.jpg
koronavirüs italya.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
SÜPER FOTO.İSP.03.21.04.jpg
SÜPER FOTO.İSP.02.21.04.jpg
isp korona.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler8.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler6.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler 1.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
fransa koronavirus.jpg
Koronavirüs Almanya.jpg
almanya korona covid.JPG
hollanda kovid korona.JPG
Koronavirüs Hollanda.jpg
Koronavirüs Hollanda.1.jpg

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 193.147 лица, на случаите на зараза над 2 милиони 759.909, а досега од болеста се излекувани и над 762.128 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои понатаму се во состојба на епицентар на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи се зголеми на 49.963, а на случаите на зараза на над 869.172 лица. Продолжува лекувањето од Ковид-19 во болниците во земјата на 123.981 лице, а досега оздравеа над 85 илјади лица. Експерти истакнуваат дека причина за големиот број смртни случаи е недоволниот број на тестирања во земјата. Епицентар на епидемијата во САД се уште е Њујорк каде вкупниот број на заразени порасна на 263.754, а досега починаа 19.453 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп на одржаната дневна прес конференција во Белата куќа истакна дека истражувањата покажуваат оти вирусот живее подобро во постудена и сува средина, а во потопли и влажни средини многу не мое да се одржи. „Блиску сме до пронаоѓање на вакцината, но не сме блиску до тестирање на оваа вакцина.“ - рече Трамп. Американскиот потпретседател Мајк Пенс пак, укажа на тоа дека состојбата во многу сојузни држави во САД оди кон добро и рече: „На почетокот на летото нашата состојба како земја би можела да биде подобра.“

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Италија со смртта на уште 464 лица во последните 24 часа се зголеми на вкупно 25.549, а на случаите на зараза со раст за уште 2.646 лица се искачи на 189.973. Бројот на оздравените пак, изнесува 57.576 лица.

Во Шпанија бројот на починатите се зголеми на 22.524 лица, а на случаите на зараза на 213.024 лица.

Во Франција бројот на смртните случаи во последните 24 часа со раст за уште 516 лица се зголеми на вкупно 21.856, а на случаите на зараза со дијагностицирање на уште 1.553 новозаразени изнесува 184.821 лице. Во земјата досега оздравеа 42.088 лица.

Во Велика Британија бројот на починатите се зголеми на 19,506 лица, а на случаите на зараза од вирусот на 143.464.

Бројот на смрните случаи од Ковид-19 во Холандија со раст за уште 112 лица во последните 24 часа, се зголеми на вкупно 4.289, а на случаите на зараза со раст за 806 новозаразени се искачи на 36.535 лица.

Во Белгија бројот на смртните случаи од Ковид-19 досега изнесува 6.679, Германија 5.404, Канада 2.491, Шведска 2.021, Швајцарија 1.549.

Од вирусот досега во Германија оздравеа 106.800 лица, во Шпанија 92.350, Бразил 26.573 и во Швајцарија 20.600 лица.

Поради епидемијата во Бразил животот го загубија 3.331 лице, бројот на случаите на зараза се искачи на 50.036, а на оздравените изнесува 26.573 лица.

Бројот на починатите  од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Австралија се зголеми на 77, а во Нов Зеланд на 17 лица.

 



Слични вести