Расте бројот на починатите и заразените со Ковид-19 во земјите во Азија и Африка

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија, досега починаа 4.362 илјади лица, регистрирани се над 85 илјади случаи на зараза, во Иран бројот на починатите се зголеми на вкупно 5.297, а на случаите на зараза на над 85 илјади лица

1402965
Расте бројот на починатите и заразените со Ковид-19 во земјите во Азија и Африка
WUHAN CHINA.jpg
China.jpg
iran.JPG
iran.jpg
afrika kovid.jpg
Güney Afrika.jpg
afrikakorona.jpg
super covid 19 guney afrika

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 178.677 лица, на случаите на зараза над 2.576.137, а досега од болеста се излекувани и над 704.184 лица.

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија, досега починаа 4.632 лица, а се регистрирани 82.788 случаи на зараза.

Во Иран бројот на починатите од Ковид-19 со смртта на уште 94 лица во последните 24 часа се зголеми на вкупно 5.391, а на случаите на зараза од вирусот со раст од 1.194 лица се зглеми на 85.996.

Бројот на смртните случаи во Јужна Кореја се зголеми на 237, а на случаите на зараза на 10.694 лица.

Во Виетнам кадешто нема човечки загуби бројот на случаите на зараза изнеусва 268 лица. Како што е соопштено ќе бидат олабавени ограничувањата коишто се применуваат во земјата поради глобалната епидемија.

Установено е дека се заразени од новиот тип коорнавирус (Ковид-19) 34 лица од членовите на посадата на италијанскиот патнички брод Коста Атлантика којшто се укотви за одржување во пристаништето во градот Нагасаки во Јапонија.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Израел се зголеми на 197 лица, а на случаите на зараза на 13.930.

Во западноафриканската држава Сиера Леоне кадешто не се регистрирани човечки загуби е утврден вирус на Ковид-19 кај еден од телохранителите на претседателот Џулиус Маада Био кој се стави во карантин.

Во Пакистан бројот на смртните случаи се зголеми на 209 лица, а на случаите на зараза на 9.749.

На континентот Африка досега од новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 23.807 лица, бројот на случаите на зараза изнесува 23.807, а досега се излекувани од болеста 5.909 лица.

Во Сенегал од вирусот на Ковид-19 починаа 5 лица, а случаите на зараза од вирусот се зголеми на 146. Претседателот Маки Сал повторувајќи го повикот за спасување на африканскиот континент од должничкиот товар истакна дека Африка која ќе биде слаба од економски аспект и не ќе може да се спаси од Ковид-19 може да стане закана за целиот свет.

Саудиска Арабија соопшти дека поради Ковид-19 намазите теравија (клањањето теравија) во Месџид-и Харам во Мека кадешто се наоѓа и светата Ќаба и Месџид-и Небеви во Медина ќе се клањаат во вид на 10 реќати со учество на службениците, лицата кои ги вршат работите за дезинфекција и другите вработени лица во овие свети места.

Во Индија кадешто од новиот тип коронавирус животот го загубија 645 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 20.178 лица. Прогласената забрана на 24 март со цел спречување на ширењето на глобалната епидемија доведе до намалување на загаденоста на воздухот и чистење на водата во реките.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Авганистан изнесува 40 лица, а на случаите на зараза се искачи на 1.143.



Слични вести