Поради Ковид-19 приближно 50 милиони луѓе во Западна Африка би можеле да соочат со опасност од глад

Се предупредува дека поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Западна Африка би можеле да се соочат со ризик и опасност од глад приближно 50 милиони луѓе

1402984
Поради Ковид-19 приближно 50 милиони луѓе во Западна Африка би можеле да соочат со опасност од глад

Се предупредува дека поради неповолното влијание на новиот тип коронавирус (Ковид-19) врз економијата и производството во земјите од Западна Африка би можеле да се соочат со ризик и опасност од глад приближно 50 милиони луѓе.

Фондацијата Спасете ги децата со седиште во Велика Британија и 8 меѓународни граѓански организации објавија заедничко писмено соопштение во врска со влијанието на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) на континентот Африка.

Во соопштението се истакнува следното: "Епидемијата на Ковид-19 би можела да стане причина од 17 до 50 милиони луѓе во Западна Африка да се соочат со опасност од безбедност на храна и со недоволна исхрана."

Во соопштението се нагласува дека треба да се обезбеди безбедноста на храната и ранливата група луѓе, а воедно се подвлекува дека во спротивно ќе продолжи гладот и недостатокот од храна. 

Освен тоа во соопштението се потсетува дека земјоделските производи обезбедуваат значаен придонес за економијата во земјите на Западна Африка и се упатува повик за поддршка на вработените особено во оваа сфера. 



Слични вести