Од таинствена болест во Нигерија од петокот до неделата починаа 150 лица

Директорот на Одделот за епидемични заболувања во болницата за обука Амину Кано Иса Абубакар истакна дека во провинцијата од петокот до неделата поради сѐ уште неидентификувана болест животот го загубија 150 лица

1402970
Од таинствена болест во Нигерија од петокот до неделата починаа 150 лица

Во провинцијата Кано во западноафриканската држава Нигерија поради таинствена болест животот го загубија 150 илјади лица.

Директорот на Одделот за епидемични заболувања во болницата за обука Амину Кано Иса Абубакар истакна дека во провинцијата од петокот до неделата поради сѐ уште неидентификувана болест животот го загубија 150 лица.

Абубакар рече дека поголемиот дел од почнатите се лица над 60 годишна возраст и напомена дека причина за овие човечки загуби можеби е и новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Тој рече: „Можеби станува збор и за некоја поразлична болест, меѓутоа не е нормално тоа што за кусо време починаа толку голем број лица.“

Инаку, досега во Нигерија од новиот тип коронавирус (Ковид-19 починаа 22 лица, а се утврдени 665 случаи на зараза од вирусот.



Слични вести