Ковид-19 во светот: Над 175.000 починати, повеќе од 2,5 милиони заразени и над 667.000 оздравени

Во САД од глобалната епидемија на коронавирусот починаа над 45 илјади лица, во Италија 24.648, Шпанија 21.717, Франција 20.796, Велика Британија 18.100 лица

1402947
Ковид-19 во светот: Над 175.000 починати, повеќе од 2,5 милиони заразени и над 667.000 оздравени
koronavirüs ABD New York.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
Koronavirüs ABD.3.11.04.jpg
koronavirüs ABD.jpg
SÜPER FOTO.İSP.02.21.04.jpg
SÜPER FOTO.İSP.03.21.04.jpg
isp korona.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler9.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler7.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler 1.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler5.jpg
Koronavirüs İtalya Milano.jpg
koronavirüs italya.jpg
italya
ingiltere.jpg

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 178.677 лица, на случаите на зараза над 2.576.137, а досега од болеста се излекувани и над 704.184 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои понатаму се во состојба на епицентар на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи се зголеми на 45.075 лица, а на случаите на зараза на над 825.306. Досега оздравеа и 75.300 лица.

Медицинските сестри пред Белата куќа протестираа против недоволната лична заштитна облека. Асоцијацијата на медицинските сестри во сојузната држава Њујорк пак, како претставник на здравствените работници кои водат борба против пандемијата, со тврдење дека се оставаат без заштита нејзините членови против вирусот покрена тужба против управата на сојузната држава и две болници.

Во меѓувреме, Сенатот на САД го усвои нацртот за дополнителниот буџет во износ од 484 милијарди долари којшто беше доставен за поддршка на малите претпријатија и здравствените центри како и за спроведување на поголем број тестови во рамките на борбата против пандемијата на Ковид-19.

Сојузната држава Мисури пак, покрена тужба против кинеската Влада со обвинување дека го лажеше светот во врска со пандемијата на коронавирусот.

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Универзитетот Харвард да ги врати приближно 9-те милиони долари коишто и беа дадени во рамките на помошта за борбата против пандемијата на коронавирусот. Трамп рече: „Мора да ги вратат назад. (Парите) Беа за работниците, а на за едната од најбогатите образовни институции во светот.“

Од друга страна, се дознава дека првите смртни случаи од Ковид-19 во САД се случиле неколку месеци пред првото официјално соопштение на 29 февруари. Надлежни во областа Санта Клара во сојузната држава Калифорнија соопштија дека на 1 и 17 февруари две лица во Калифорнија починале во своите домови од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Директорот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Роберт Редфорд предупреди дека евентуалниот втор бран на случаите на Ковид-19 во земјата би можел да биде многу потежок од првиот.

Во Италија бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 534 лица во последните 24 часа се зголеми на 24.648, а на случаите на зараза изнесува 183.957 лица. Бројот на оздравените пак, со рекорден раст во последните 24 часа од 2.723 лица се зголеми на 51.600.

Бројот на смртните случаи во Шпанија изнесува 21.717 лица, на утврдените случаи на зараза се искачи над 205 илјади, а досега оздравеа и повеќе од 82.514 лица.

Во Франција од коронавирусот во болниците починаа 12.900 лица, а во домовите за старци 7.896 лица, со што вкупната бројка на човечките загуби досега се зголеми на 20.796, а на случаите позитивни на вирусот со раст за уште 2.667 се искачи на 181.441 лице.

Во Велика Британија бројот на смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа се зголеми за уште 759 лица и достигна до 18.100, а на бројот на дијагностицирани лица со раст за 4.451 се зголеми на 133.495 лица. Како што се истакнува ваквиот висок раст во споредба со претходниот ден произлегува од тоа што податоците од крајот на неделата се регистрираат на почетокот од неделата. Британскиот министер за здравство Мет Ханкук соопшти дека потенцијалната вакцина против Ковид-19 почнувајќи од 23 четврток (утре) се тестира врз луѓе. Лидерот на главната опозициска Работничка партија Кир Стармер истакна дека Влаата е бавна во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Германија се зголеми на 5.086 лица

Човечките загуби од коронавирусот во Белгија изнесуваат 5.998, Холандија 3.916, Шведска 1.765, а во Швајцарија 1.478 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Канада се зголеми на 1.884 лица, а на утврдените случаи позитивни на вирусот изнесува над 35 илјади. 1.041 смртен случај се регистрирани во сојузната држава Квибек кадешто ситуацијата е најтешка и каде не можат да се обезбедат дури и потребите од здравствен персонал. Со последната донесена одлука од страна на владата на сојузната држава, се одложени хируршките интервенции во болниците коишто не се итни и вишокот од лекари со овие видови преземени мерки, како и медицинските сестри и негувателите на болни се испраќаат во центрите кадешто има особено стари лица. 

Во латиноамериканската држава Колумбија од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега починаа 189 лица, а се регистрирани 3.977 случаи на зараза од вирусот. Со последната донесена одлука рокот на карантин во земјата е продолжен до 11 мај.

Во Бразил од Ковид-19 досега го загубија животот 2.741 лице, а бројот на лицата кај кои е утврдена зараза од вирусот со раст за уште 2.498 лица се зголеми на 43.079.

Во Австралија со уште два потврдени смртни случаи вкупниот број на починати се искачи на 74 лица.

Во Нов Зеланд кадешто животот го загубија 14 лица бројот на случаите на зараза од Ковид-19 се зголеми на 1.451 лице, а од нив 1.036 пациенти се излекувани.

Во Чешка досега починаа 204 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 7.041.

Бројот на смртните случаи во Полска изнесува 404 лица, а на случаите позитивни на вирусот се искачи на 10.034. 

Во Србија од епидемијата на Ковид-19 досега животот го загубија 130 лица.



Слични вести