Расте бројот на смртни случаи и инфектирани и во источните земји во светот

инистерството за здравство на Белорусија беше истакнато дека бројот на смртните случаи во земјата поради Ковид-19 се зголеми за уште 4 лица и изнесува 51

1402228
Расте бројот на смртни случаи и инфектирани и во источните земји во светот

Во период кога бројот на смртните случаи од новиот тип на коронаворусот (Ковид-19) во светот изнесува над 170 илјади,  бројот на заразените 2 милиони 400 илјади, а бројот на оздравените пациенти над 650 илјади пациенти, расте и бројот на смртните случаи и во источните земји.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за здравство на Белорусија беше истакнато дека бројот на смртните случаи во земјата поради Ковид-19 се зголеми за уште 4 лица и изнесува 51, додека бројот на дијагностицираните за уште 1 485 и изнесува 6 264.

Според податоците на Министерството за здравство, труд и социјална заштита на Молдавија, бројот на смртните случаи се зголеми за уште едно лице и достигна 68, додека со дијагностицирање на уште 76 пациенти, вкупниот број на заразени се зголеми на 2 548 лица.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за здравствона Казахстан, со дијагностицирањето на уште 18 позитивни случаи на Ковид-19, вкупниот број на заразени се зголеми на 1 775. Бројот на оздравените се зголеми за уште 37 и изнесува 447. Меѓу лицата кои го победија вирусот се наоѓаат и две 82 годишни лица.

Според соопштението кое беше објавен од страна на Штабот за борба против Ковид-19 при Владата на Азербејџан, бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во оваа земја изнесува 19додека со раст од 38 диагностицирани, вкупниот број на заразени се зголеми на 1 436. Бројот на оздравените се зголеми за уште 79 и изнесува 791. Продолжува лекувањето на 626 пациенти.

Министерството за здравство на Узбекистан соопшти дека со утврдувањето на Ковид-19 кај уште 39 лица, вкупниот брпј на дијагностицирани се 1 604. Бројот на оздравените се зголеми за уште 36 и изнесува 261. Досега во оваа земја од Ковид-19 умреа 5 лица.

Според соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита на Таџикистан, тестот на јавниот обвинител Џелаледин Пиров кој беше извршен пред да умре,  беше негативен. Кај Пиров беше утврдена пневмонија, поради што семејството бараше да биде ставен во карантин. Потпретсдетаелот Шохдин Џамшед истакна дека досега во земјата не се забележани случаи на инфектирање од Ковид-19 и потсети дека 1 525 лица кои се вратија од странство се во карантин. Како последица на неповолните временску услови во последните денови во земјата се зголеми бројот на заболени од пневмонија.

Министерот за надворешни работи на Јордан Ејмен ес-Сафеди рече дека поради Ковид-19 нема да дадат одобрение за влез на хуманитарната помош во бегалскиот камп Рукбан каде што живеат Сириските бегалци.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас издаде наредба за олабавување на превентивните мерки против Ковид-19 во појасот Западен Брег. Во Палестина каде што бројот на дијагностицирани случаи од Ковид-19 изнесува 449 пациенти, Хамас соопшти дека Израел ја занемарува медицинската помош на Палестинците кои живеат во окупираниот Ерусалим.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Израел се зголеми на 177. Бројот на дијагностицирани изнесува 13 713, додека на оздравените 4 049.

Бројот на инфектираните во мароко се зголеми на 3 046.

Бројот на смртните случаи во Тунис изнеува 38, додека дијагностицираните 884.

Саудиска Арабија соопшти дека поради Ковид-19, во текот на месецот на постот Рамазан терави намазите теравија во џамиите Хареми Шериф и во Мека и Месџиди Небеви во Медина ќе се клањаат  без џемаат.

Во рамките на борбата против ковид-19, во африканските земји Гана, Руанда и Бенин беше донесен услов граѓаните да носат маски.



Слични вести