Во вооружени напади во Нигерија загинаа најмалку 47 лица, а има и голем број ранети

Началникот на полицијата во Катсина Гамбо Иса истакна дека од страна на неидентификувани вооружени лица се извршени одмазднички напади врз областите Дустинма, Данмуса и Сафана при што загинаа најмалку 47 лица, а голем број се ранети

1401345
Во вооружени напади во Нигерија загинаа најмалку 47 лица, а има и голем број ранети

Во реализирани вооружени напади во северозападниот дел на западноафриканската држава Нигерија загинаа најмалку 47 лица, а има и голем број се ранети.

Началникот на полицијата во Катсина Гамбо Иса во дадената изјава за локалниот печат истакна дека од страна на неидентификувани вооружени лица се извршени одмазднички напади врз областите Дустинма, Данмуса и Сафана.

Иса рече дека во нападите загинаа најмалку 47 лица, а голем број се ранети.

Велејќи дека ранетите се префрлени на лекување во болница, Гамбо Иса информира дека во нападите е причинета значителна материјална штета и дека во областите кои беа цел на нападите се започнати операции од воздух и копно.

Во вестите објавени во националниот печат пак, се истакнува дека вооружени лица и претходно извршиле обид за напад врз истите области, но дека притоа биле спречени од страна на народот.

Затоа се коментира дека последните вооружени напади се реализирани со одмаздничка цел.

Инаку, северозападниот дел на Нигерија повремено станува сцена на жестоки судири помеѓу Фуланите кои се бават со сточарство и некои племиња кои се бават со земјоделство.

Фуланите кои за напасување на кои за напасување на своите стада се иселиле во јужниот дел на земјата, тврдат дека земјоделците се обидувале да ги украдат нивните животни и дека биле подложени на нивните напади.

Воедно и вооружени лица искористувајќи ги овие судири, извршуваат напади и го земаат во заложништво народот во овие области.

 



Слични вести