Во последната една недела во Нигерија се убиени 105 терористи на Боко Харам

Портпаролот на армијата Муса Сагир во дадената изјава за новинарите истакна дека армијата реализира операција против терористичката организација Боко Харам во селото Буни Гари во провинцијата Јобе во која се убиени 105 терористи

1401585
Во последната една недела во Нигерија се убиени 105 терористи на Боко Харам

Во реализираната операција против терористичката организација Боко Харам во североисточниот дел на Нигерија, во последната една недела се убиени 105 терористи, членови на организацијата. 

Портпаролот на армијата Муса Сагир во дадената изјава за новинарите истакна дека армијата реализира операција против терористичката организација Боко Харам во селото Буни Гари во провинцијата Јобе.

Велејќи дека во операцијата се убиени 105 членови на терористичката организација, а се ранети и двајца војници, Сагир рече дека во рамките на операцијата е запленета и голема количина муниција.

Претходно беше соопштено дека во операцијата се убиени 10 терористи.

Инаку, во масовните напади на терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од почетокот на 2000-дитите години, од 2009 година досега  животот го загубија повеќе од 20 илјади лциа.



Слични вести