Мигрантите кои беа спасени во Медитеранот префрлени во карантин на бродот „Рубатино“

Продолжува раздвиженоста на илегалната миграција во средниот дел на Медитеранот и покрај тоа што Италија ги затвори пристаништата поради недоволната безбедност од епидемијата на Ковид-19

1401885
Мигрантите кои беа спасени во Медитеранот префрлени во карантин на бродот „Рубатино“

Мигрантите кои од страна на бродот „Аита Мари“ на шпанската невладина организација  „SMHumanitario“ беа спасени во Медитеранот, беа префрлени во карантин на бродот Рубатино во Италија.

Продолжува раздвиженоста на илегалната миграција во средниот дел на Медитеранот и покрај тоа што Италија ги затвори пристаништата поради недоволната безбедност од епидемијата на новиот тип на кронавирусот (Ковид-19).

34-те мигранти кои беа спасени со бродот „Аита Мари“ на шпанската невладина организација  „SMHumanitario“, во рамките на операцијата на Крајбрежната стража на Италија беа префрлени во траектот Рубатино кој е усидрен пред крајбреќјето на пристаништето Палермо на островот Сицилија, а кој се користи како брод карантин.

Во петокот на траектот Рубатино беа префрлени 146 мигранти кои беа спасени со бродот „Алан Курди“ на германската невладина организација „Sea-Eye“. Мигрантите беа ставени во карантин на овој брод поради Ковид-19.



Слични вести