Ковид-19 во светот: Над 165.000 починати, повеќе од 2,4 милиони инфектирани и над 615.000 излекувани

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои се во состојба на епицентар на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи се искачи на над 40.585 лица, а на случаите на зараза над 742.442

1401265
Ковид-19 во светот: Над 165.000 починати, повеќе од 2,4 милиони инфектирани и над 615.000 излекувани
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
Koronavirüs ABD.1.11.04.jpg
Koronavirüs ABD.2.11.04.jpg
abd koronavirus.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
abd koronavirus.jpg
Koronavirüs İtalya Milano.jpg
koronavirüs italya.jpg
italya
İspanya koronavirüs tedbirler9.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler10.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler7.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler8.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler5.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
fransa paris koronavirus bos sokaklar.jpg
ingiltere.jpg
Korona İngiltere 2.jpg

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 165.902 лица, на случаите на зараза над 2 милиони 421 илјади, а досега од болеста се излекувани и повеќе од 635.700 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои се во состојба на епицентар на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи со раст за уште 1.590 лица во последните 24 часа се искачи на вкупно 40.690 лица, а на случаите на зараза со раст од 24.499 на 759.786. Најголем број човечки загуби има во Њујорк, така што градоначалникот Бил де Бласио го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека го остави сам градот и го рече следното: „Зарем го голтна јазикот? Дали ќе го спасиш Њујорк или за Њујорк велиш 'Оставете го да умре' “.

Во Италија бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 433 лица во последните 24 часа се зголеми на 23.660, а на случаите на зараза надмина 175 илјади лица.

Во Шпанија од епидемијата животот го загубија 20.852 лица, а се регистрирани приближно 200 илјади случаи на зараза. Премиерот Педро Санчез соопшти дека вонредната состојба којашто се применува во земјата од 14 март ќе биде продолжена до 9 мај со тоа што нејзиниот обем ќе се намали.  

Бројот на починатите од епидемијата во Франција со раст за 395 лица во последните 24 часа, се искачи на 19.718 лица. Бројот на смртните случаи пак, во исто така во изминатите 24 часа со раст од 7.701 лице се зголеми на 175.942.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од локалната самоуправа на главниот град Париз се истакнува дека во примероците земени од водата којашто е користена за чистење на улиците во градот се утврдени траги од вирус на Ковид-19. Потоа е сопрена употребата на оваа вода. Францускиот премиер Едуард Филип на одржаната прес конференција со министерот за здравство Оливие Веран рече „Ќе треба да чекаме долго време за да се вратиме во животот од пред епидемијата.“

Во Велика Британија бројот на смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 16.060 лица, бројот на заразени достигна до 120.067.

Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Кудрет Озерсај истакна дека 80 кипарски Турци кои жвеат во Велика Британија го загубија животот од Ковид-19.

Во Белгија досега починаа 5.828 лица, а бројот на случаите на зараза со раст за уште 1.478 лица во последните 24 часа се зголеми на вкупно 39.983.

Бројот на смртните случаи во Германија се искачи на 4.586, а на случаите на зараза на 145.185 лица. Како последно во земјата починаа уште 8 Турци со што вкупниот број на Турците кои починаа од Ковид-19 се зголеми на 87. Мерките коишто беа преземени во земјата на 22 март со цел спречување на ширењето на епидемијата, почнаа постепено да се олабавуваат.  Во некои покраини повторно се отворени продавниците со површина до 800 квадратни метри. Засега не се дава дозвола да бидат отворени рестораните, кафетериите или местата за забава.

Во Холандија бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Кбвид-19) се зголеми на 3.751, а на случаите на зараза на 33.405 лица.

Бројот на смртните случаи/случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други европски и балкански земји моментално е вака:

Швајцарија 1.406/27.944, Португалија 735/20.863, Шведска 1.580/14.777, Романија 460/8.936, Данска 364/7.515, Норвешка 165/7.103, Чешка 188/6.787 , Србија 122/6.318, Финска 94/3.868, Австрија 470/14.731, Унгарија 199/1.984, Полска 362/9.453, Словенија 77/1.335, Босна и Херцеговина 49/1.309, Северна Македонија 54/1.225.

Бројот на смртните случаи во Канада изнесува 1.470 лица, а досега се утврдени над 32 илјади лица позитивни на вирусот.

Бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во Латинска Америка изнесува над 100 илјади лица.

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други земји моментално е вака: Во Бразил досега има 2.372 починати, Шведска 1.511, Швајцарија 1.368, Португалија 687, Ирска 571, Австрија 443, Перу 348.

Во Бразил кадешто беше утврден и првиот случај на зараза од вирусот во Латинска Америка животот го загубија 2.462 лица, а се регистрирани 38.654 случаи на зараза, така што се појавува како најмногу погодена земја од новиот тип коронавирус во овој дел на светот.

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза во некои други земји во Латинска Америка моментално е вака: Еквадор 474/9.468, Чиле 133/10.088, Перу 400/15.628, Колумбија 179/3.792, Аргентина 132/2.839, Уругвај 10/517, Боливија 32/520, Венецуела 9/256, Парагвај 8/206, Мексико 686/8.261, Панама 120/4.273, Доминиканска Република 226/4.680, Куба 34/1.035, Костарика 5/660, Хондурас 46/472, Гватемала 7/257, Ел Салвадор 7/201, Хаити 3/47 и Никарагва 2/10.

 



Слични вести