Во последните напади во Авганистан загинаа 9 безбедносни чувари и тројца полицајци

Во последните вооружени напади на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 9 безбедносни чувари и тројца полицајци, а има и ранети

1401046
Во последните напади во Авганистан загинаа 9 безбедносни чувари и тројца полицајци

Во вооружен судир помеѓу талибанските милитанти и безбедносните чувари во Авганистан загинаа 9 чувари, а 6 мина се ранети. 

 Началникот на полицијата во Шолгара Сајед Ариф Икбали информира дека талибански милитанти извршија напад врз станицата на безбедносните чувари о селото Далан во населеното место Шолгара во провинцијата Белх, по што дојде до вооружен судир во кој загинаа 9 безбедносни чувари, а 6 мина се ранети. 

Велејќи дека во вооружениот судир има загуби и на страната на Талибан, Икбали истакна дека нападот на талибанските милитанти е одбиен.

Од друга страна, тројца полицајци загинаа, а 6 мина се ранети и во реализиран вооружен напад од страна на талибанските милитанти врз полицијата во населеното место Мукур во провинцијата Бадгис во западниот дел на земјата.

Портпаролот на губернијата Бадгис Неџмудин Бирхани во дадената изјава за новинарите информира дека талибански милитанти извршија вооружен напад врз полицајци кои патролираа во населеното место Мукур. 

Велејќи дека во нападот загинаа тројца полицајци, Бурхани истакна дека се ранети и 6 мина полицајци.

Од страна на Талибан засега не е објавено било какво соопштение во врска со нападите.



Слични вести