Расте бројот на смртни случаи и инфектирани и во источните земји во светот

Бројот на смртните случаи во Азербејџан од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) изнесува 18, бројот на дијагностицираните 1 373

1400847
Расте бројот на смртни случаи и инфектирани и во источните земји во светот

Во период кога бројот на смртните случаи од новиот тип на коронаворусот (Ковид-19) во светот изнесува над 160 илјади,  бројот на заразените 2 милиони 300 илјади, а бројот на оздравените пациенти над 600 илјади пациенти, расте и бројот на смртните случаи и во источните земји.

Бројот на смртните случаи во Азербејџан од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) изнесува 18, бројот на дијагностицираните 1 373. Карантинот беше прогласен до 20 април, а пролонгиран до 20 мај. По донесувањето на одлуката за карантин во земјата на 24 март, освен маркетите и апотеките беа забранети активностите на сите раотни места како и меѓуградскиот превоз, а исто така беше прогласен и распуст во училиштата, гимназиите и факултетите. Беа затворени сите граници на земјата, беа одложени и укинати музеите, театрите и театарските претстави, забавните центри и спорстките сали и свадбите. Мерките беа заострени до толку што граѓаните при секое излегување од дома земаа дозвола со СМС порака од државата.

Министерството за здравство на Газа до меѓународната заедница упати повик за медицинска помош во борбата против новиот тип на коронавирусот.

Во Мавританија во Африка не останаа дијагностицирани пациенти на Ковид-19, апоследнте 2 оздравеа, Од вкупно 7-те дијагностицирани, умре само еден пациент.



Слични вести