Од 6 март досега во своите домови во подрачјето на Идлиб се вратија приближно 120.000 Сиријци

Директорот на Координацијата за делување во Сирија Мухамед Халаџ истакна дека од 6 март кога стапи во сила постигнатиот прекин на огнот досега во своите домови во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, се вратија приближно 120.000 цивили

1401074
Од 6 март досега во своите домови во подрачјето на Идлиб се вратија приближно 120.000 Сиријци

По постигнатиот прекин на огнот во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија којшто стапи во сила на 6 март, досега од Турција во своите домови во подрачјето се вратија вкупно 119.583 цивили кои по нападите на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи беа принудени да ги напуштат своите родни места и да избегаат. 

Мухамед Халаџ, директор на Координацијата за делување во Сирија која води активности во врска со податоците за миграцијата во подрачјето, даде изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“.

Нагласувајќи дека режимските сили составени од армијата на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран напредувајќи од копно ги зазедоа големите цивилни населени места, Халаџ напомена дека стотици илјади цивили не сакаат да се вратат во областите заземени од страна на режимот и дека тие ќе продолжат да живеат во камповите на граничниот појас помеѓу Турција и Сирија.

Мухамед Халаџ истакна дека за приближно еден и пол месец колку што помина од прогласениот прекин на огнот досега во населените места во подрачјето на градот Идлиб и руралните  населени места и во населените места во околината на градот Алепо се вратија 119.583 цивили составени од приближно 21.500 семејства, Халаџ го рече следното: „По прекинот на огнот постепено продолжува враќањето на цивилите од областите на камповите во граничниот појас и од подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче. Се додека не полетаат авиони и не реализираат напади, во своите родни места ќе се вратат уште голем број цивили.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 5 март во Москва постигнаа договор за прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

И покрај повремените случаи на прекршување од страна на режимските сили, во голема мера се почитува постигнатиот прекин на огнот.



Слични вести