Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 160 илјади лица

Бројот на заразените изнесува над 2 милиони 300 илјади, додека бројот на оздравените изнесува над 600 илјади пациенти

1400845
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 160 илјади лица

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 160 илјади лица, додека на заразените над 2 милиони 300 илјади пациенти. Бројот на оздравените изнесува над 600 илјади пациенти.

Поради новиот тип на Ковид-19 во сојузните американски држави Тенеси и Тексас се одложи извршувањето на смртните казни на затворениците кои беа осудени на смртна казна. Поради загриженоста дека доаѓањето на сведоците од надвор кои ќе сведочат за извршувањето на смртните казни можат да го пренесат вирусот во затворите, во Тенеси беше одложено извршувањето на смрната казна на еден, а во Тексас на 5 затвореници.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 482 и изнесува 23 227 лица.

Бројот на смртните случаи во Шпанија поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми на 20 639 лица. Премиерот Педро Санчез рече дека вонредната состојба која беше прогласена на 14 март со намалување на опсегот ќе продолжи до 9 мај.

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 642 и изнесува 19 323 лица, додека бројот оздравените од болниците во кои се наоѓаат околу 30 639 пациенти, со оздравувањето на уште 1 563 се зголеми на 35 983 пациенти.

Бројот на смртните случаи во некои европски земји според моменталните податоци се следни:

Во Велика Британија 15 464, во Белгија 5 453, во Германија 4 538.



Слични вести