Шпанија, Португалија и Франција одлучија да делуваат заедно на претстојните самити на ЕУ

Министерството за надворшени работи на Шпанија соопшти дека државниот секретар одговорен за ЕУ Хуан Гонзалес Барба одржа видео конференција со своите француски и португалски колеги

1400592
Шпанија, Португалија и Франција одлучија да делуваат заедно на претстојните самити на ЕУ

Шпанија, Португалија и Франција, донесоа одлука во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) да делуваат заедно на претстојните самити на министрите за надворешни работи и шефови на држави или премиери на влади на Европската унија (ЕУ).

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Шпанија се истакнува дека државниот секретар одговорен за Европска унија (ЕУ) Хуан Гонзалес Барба одржа видео конференција со своите француски и португалски колеги.

Во соопштението се вели дека трите земји кои се договорија по прашањето на заедничко делување на земјите на ЕУ во борбата против Ковид-19 го нагласија значењето од доставување помош на работниците и фирмите кои беа најмногу погодени од епидемијата, како и од координација за одбрана на европските граѓани.

Во соопштението, во врска со самитите на Европската унија (ЕУ) кои ќе се одржат на 22 и 23 април и се одделува место на изјавата "Тие ќе бидат испит за солидарност и веродостојност (кредибилитет) за ЕУ", а воедно се изнесуваат и следните констатации: "Европа би требало да е на степен да може да одговори на овој историски предизвик кој што изискува една вистинска ревизија. Треба да се изгради една вистинска европска стратешка автономност во здравството, земјоделството и индустријата и треба да се изгради една поцврста, единствена Европа. Пребродувањето на оваа епидемија и повторното заживување на нашата економија ќе биде можно само со солидарност. Ниту една земја не може да се опорави самата."

Инаку, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) на 22 април ќе се одржи видео конференција на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ), а следниот ден на 23 април ќе се одржи и самит на лидерите на ЕУ исто така преку видеоконференција.



Слични вести