Ковид-19 во светот: Над 156.000 починати, околу 2,3 милиони случаи на зараза и над 590.000 оздравени

Во САД кои се во состојба на епицентар на глобалната епидемија вкупната бројка на починатите надмина 33.286 лица, а на случаите на зараза изнесува 670 илјади, што претставува повеќе од вкупниот број на заразени во Шпанија, Италија, Франција и Германија

1400428
Ковид-19 во светот: Над 156.000 починати, околу 2,3 милиони случаи на зараза и над 590.000 оздравени
Koronavirüs ABD New York Grand Central Station.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
Koronavirüs ABD.1.11.04.jpg
Koronavirüs ABD.2.11.04.jpg
koronavirüs italya.jpg
Koronavirüs İtalya Milano.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
Koronavirüs İtalya.1.jpg
italya kovid korona.JPG
İspanya koronavirüs tedbirler9.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler8.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler 1.jpg
Koronavirüs İspanya.3.11.04.jpg
koronavirüs fransa covid-19 intihar AA.jpg
fransa.jpg
Koronavirüs Fransa 3.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
almanya koronavirüs.jpg
Koronavirüs Almanya.jpg
almanya korona.jpg
ingiltere.jpg
ingiltere.jpg

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 156 илјади, на случаите на зараза над 2 милиони 276 илјади лица, а досега од болеста се излекувани и над 590 илјади лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои се во состојба на епицентар на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи со раст за уште 3.800 лица во последните 24 часа се зголеми на 37.086, а на случаите на зараза со раст за 35.354 лица се искачи на 707.779.

Бројот на заразените во САД се уште е поголем од вкупниот број на заразени во Шпанија, Италија, Франција и Германија. Човечките загуби од Ковид-19 во главниот град Вашингтон и во сојузните држави Мериленд и Вирџинија познати како „DMV регион“ достигнаа до 20 илјади лица. Најмногу починати има во Њујорк кадешто бројката изнесува приближно 15 илјади лица. Бројот на починатите од Ковид-19 во домовите за старци изнесува најмалку 6.900 лица и оваа бројка претставува приближно една петина од вкупниот број на смртните случаи од вирусот во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека верува оти заврши растот на епидемијата на Ковид-19 во земјата и дека очекувањата по прашањето на човечките загуби од вирусот опаднаа за 60 до 65 илјади.

Во Италија во последните 24 часа починаа уште 575 лица поради новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 22.745. Причина за 96,7 отсто од 19.508 смртни случаи е недоволност од апарати за дишење. Во земјата се регистрирани нови 355 случаи на зраза, што претставува најниска дневна бројка на раст од почетокот на овој месец. 

Во Италија моментално се наоѓаат 106.962 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги и починатите и излекуваните лица, изнесува 172.434. Досега се излекувани вкупно  42.727 лица.

Во Шпанија бројот на починатите се зголеми на вкупно 20.002 лица, а на случаите на зараза надмина 200 илјади лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 18.861 лице, а на заразените на над 168 илјади. 

Во Велика Британија во последните 24 часа животот го загубија уште 888 лица и вкупната бројка на починатите се зголеми на 15.464. 

Бројот на починатите од Ковид-19 во Германија се зголеми на 4.532 лица, а вкупниот број на заразени достигна до 140 илјади. Досега од вирусот во земјата се излекувани приближно 82 илјади заболени.

Во Холандија, во последните 24 часа со раст за уште 142 лица, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 3.601, а на случаите на зараза со раст за 1.140 лица се искачи на 31.589.

Во Канада бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 440 лица во последните 24 часа, се зголеми на 1.273, а досега се утврдени 30.106 лица позитивни на вирусот. За задоволување на растечката потреба од здравствен пероснал во здравствените установи во сојузната држава Квибек се повикани на должност пензионираните лекари и студентите во последна година на медицински студии.

Во Јужноамериканската држава Перу во последните 24 часа починаа уште 26 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 300, а на случаите на заразасо раст за уште 998 лица се искачи на 13.489.

Бројката на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои западни земји е вака:

Белгија 5.453, Холандија 3.459, Бразил 2.171, Шведска 1.400, Швајцарија 1.327, Портигалија 657, Мексико 546, Ирска 530, Австрија 431, Еквадор 421, Романија 411, Данска 336, Полска 332, Доминиканската Република 200,  Чешка 173, Унгарија 172, Норвешка 161, Колумбија 153, Аргентина 129, Чиле 116, Панама 116, Србија 110, Грција 108.

Земји во кои досега оздравеа најголем број заболени со вирусот Ковид-19 пак, се: Германија со 85.400 лица, Шпанија 74.797, САД 63.510, Иран 55.987, Италија 42.727 и Франција 34.420 лица.

 



Слични вести