Расте бројот на смртни случаи и инфектирани и во источните земји во светот

Бројот на смртните случаи во Кина каде што се појави новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) се зголеми на 3 869

1399896
Расте бројот на смртни случаи и инфектирани и во источните земји во светот

Во период кога бројот на смртните случаи од новиот тип на коронаворусот (Ковид-19) во светот изнесува над 146 илјади,  бројот на заразените 2 милиони 184 илјади, а бројот на оздравените пациенти над 553 илјади пациенти, расте и бројот на смртните случаи и во источните земји.

Бројот на смртните случаи во Кина каде што се појави новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) се зголеми на 3 869.

Бројот на смртните случаи во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 се зголеми на 4 958 лица.

Советот на исламските вакафи на Ерусалим соопшти дека поради Ковид-19, џамијата Ал Акса нема да се отвори и во месецот на постот Рамазан. На 22 март, Советот на исламските вакафи на Ерусалим усвои одлука за затворање на џамијата Ал Акса за ибадет поради Ковид-19.

Бројот на смртните случаи во Израел изнесува 148 лица, додека на инфектираните12 855 пациенти.

Бројот на смртни случаи во псоледните 24 часа од Ковид-19 во Казахстан  изнесува 17, додека со зголемувањет на инфектираните за 21, вкупниот број на инфектирани изнесува 1 362.

Бројот на смртните случаи во Молдавија се зголеми за уште 2 здравствени работници и изнесува 53 лица, додека бројот на новите инфектирани изнесува 105.

Бројот на смртните случаи во Белорусија се зголеми за уште 40, додека бројот на новите инфектирани изнесува 4 204. Бебињата на 3 бремени жени кои се инфектирани од Ковид-19 се родија здрави.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Азербејџан изнесува 1 283.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Кенија зе зголеми за уште 11 лица, додека 12 лица кои го прекршија полицискиот час, беа убиени од страна на полицијата.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 на Филипините се зголеми за 362 лица, додека бројот на инфектираните на 5 660. Претседателот на Филипините Родриго Дуерте предупреди дека во случај да продолжи прекршувањето на карантинот поради епидемијата, постои можност да прогласи едномесечна вонредна состојба на северниот сел на земата.

Досега на Африканскиот континент поради Ковид-19 умреа 962 лица, додека бројот на инфектирани се зголеми на 18 333 пациенти. Економската комисија на Обединетите нации за Африка (УНЕЦА) соопшти дека во случај да не се преземат доволни и потребни мерки, постои веројатност бројот на смртните случаи да изнесува од 300 илјади до 3,3 милиони лица.



Слични вести