Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 144 илјади лица

Бројот на заразените пациенти во светот изнесува 2 милиони 146 илјади

1399882
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 144 илјади лица

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 144 илјади, додека на заразените над 2 милиони 146 илјади. Бројот на оздравените изнесува над 545 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во САД која е центар на епидемијата се зголеми за уште 5 031 и изнесува над 31 илјада, додека бројот на инфектираните со раст од 25 056 изнесува над 650 илјади пациенти. Неповолното влијание на епидемијата и натаму најмногу се чувствува во Њујорк. Само во последните 24 часа во Њујорк умреа уште 606 лица. Забраната за работа и ограничувањата во Њујорк освен за неопходните беше продолжена до 15 мај. Во меѓувреме, бројот на инфектираните војници на бродот носач на авиони Теодор Рузвелт кој беше земен под карантин и префрлен на островот Гуам се зголеми на 655, а останатите 4 059 војници беа евакуирани на копното на островот.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 525 и изнесува 22 170 лица, додека бројот на заразени изнесува над 168 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 753 и изнесува 17 920 лица, а бројот на заразените со раст од 16 464 се зголеми на 164 327 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми на 13 729. Во рамките на мерките против  епидемијата од Ковид-19, Властите карантинот го продолжија уште три недели. Во рамките на истите мерки училиштата 20 март беа распуштени, а исто така рестораните, кафетериите, кино салите беа затворени. Како резултат на непочитувањето на мерките, властите на 23 март донесоа построги забрани за излегување од дома.

Федералната влада на Швајцарија, земјата во која новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беше причина за смртта на 1 269 лица, донесе одлука за опуштање на строгите мерки во третата фаза, а кои беа усвоени на 16 март. Според новата одлука, на 27 април ќе се даде одобрение за отворање на дуќаните како што се берберници, фризерските салони, центрите за убавина и козметичките салони, железариите, цвеќарниците, продавниците за градинарски кулури и хоби материјали и центрите за физикална терапија. Болниците и клиниките, вклучувајќи ги и одделите кои не се за итни состојби како и продавниците за медицински помагала исто така ќе бидат отворени.



Слични вести