Жан-Ив Ле Дријан упати критики до СЗО поради недостатоците во борбата против Ковид-19

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) не можеше да управува доволно добро со кризата предизвикана од глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1399187
Жан-Ив Ле Дријан упати критики до СЗО поради недостатоците во борбата против Ковид-19

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан во говорот што го одржа пред Сенатот даде изјави во врска со борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Ле Дријан истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) не можеше да управува доволно добро со кризата предизвикана од глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека има работи коишто можат да се кажат во врска со функционирањето на Светската здравствена организација (СЗО), Ле Дријан рече: „Светската здравствена организација (СЗО) има недостатоци (беше недоволна) во покажаната реакција, способноста на делување независно од државите, доставувањето на информации или доставувањето на потребните предупредувања.“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан појасни дека проблемот не е само кај актерите на Светската здравствена организација (СЗО) туку во нејзиното функционирање, а воедно рече дека жали поради одлуката на Содинетите Американски Држави (САД) за стопирање на финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО).



Слични вести