Шпанија поради Ковид-19 повлече повеќе од 100 свои војници од Мали

Според вестите објавени во печатот во Мали, шпанското министерство за одбрана повлече повеќе од 100 свои војници од вкупно 278 војници со кои учествува во Мисијата за обука на Европската унија (ЕУТМ)

1399074
Шпанија поради Ковид-19 повлече повеќе од 100 свои војници од Мали

Шпанија, поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) повлече повеќе од 100 свои војници кои се наоѓаа на задача во западноафриканската држава Мали во составот на Мисијата за обука на Европската унија (ЕУТМ).

Според вестите објавени во печатот во Мали, шпанското министерство за одбрана повлече повеќе од 100 свои војници од вкупно 278 војници со кои учествува во Мисијата за обука на Европската унија (ЕУТМ).

Еден од шпанските војници кои се вратија во земјата беше позитивен на Ковид-19.

Досега е утврден коронавирус кај 7 од војниците на задача во составот на Мисијата за обука на Европската унија (ЕУТМ) во Мали.



Слични вести