Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да се шири во азиските и африканските земји

Продолжува да расте бројот на смртните случаи и на случаите на зараза од епидемијата на Ковид-19 и во азиските и африканските земји

1398999
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да се шири во азиските и африканските земји
koronavirüs.jpg
iran-korona.jpg
iran.jpg
iran.JPG
Iran.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
koronavirüs Çin.jpg
çin koronavirüs.jpg
Koronavirüs Rusya.2.11.04.jpg
rusya korona.jpg
Koronavirüs Rusya.2.02.04.jpg
rusya kovid.JPG
rusya koronavirüs.jpg
Güney Afrika.jpg
afrika kovid.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на над 132 илјади, на случаите на зараза на над 2 милиони 84 илјади лица, а досега од болеста се излекувани и над 508 илјади лица.

Продолжува да расте бројот на смртните случаи и на случаите на зараза од епидемијата на Ковид-19 и во азиските и африканските земји.

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија која се прошири во над 200 земји во светот досега животот го загубија вкупно 3.342 лица, а се утврдени 82.341 случаи на зараза.

Бројот на починатите во Иран се зголеми на 4.777, а на случаите на зараза изнесува 76.389 лица.

Во Русија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 198 лица, а се утврдени 24. 490 случаи на зараза.

Во Украина кадешто досега починаа 108 лица, се регистрирани 4.161 случај на зараза од вирусот.

Во Израел бројот на починатите од епидемијата изнесува 131 лице, а на случаите на зараза 12.500. лица. Како што се истакнува на Палестинците во окупираниот Ерусалим (Кудс) не им се  врши тестирање за Ковид-19. 

Во Белорусија бројот на смртните случаи се зголеми на 36 лица, а на случаите на зараза на 3.728.

Во Молдавија починаа 44, а од вирусот се заразени 2.049 лица.

Во Јужниот грчки дел на Кипар кадешто  досега животот го загубија 12 лица се регистрирани 715 случаи на зараза. 

Во Ирак животот го загубија 79 лица, 1.415 лица се позитивни на вирусот, додека забраната за излегување на улица е продолжена до 24 април кога започнува месецот на постот Рамазан.

Во Казахстан досега се потврдени 16 смртни случаи, а се регистрирани 240 случаи на зараза. 

Вкупниот број на починатите од новиот тип коронавирус на континентот Африка досега изнесува 910, а на случаите на зараза над 17 илјади лица.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Алжир се зголеми на 336, на случаите на зараза на 2.160 лица, додека досега се излекувани 708 заболени. 

Поради епидемијата во Египет животот го загубија 183 лица, а се регистрирани 2.505 случаи на зараза.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Мароко се зголеми на 127, а на случаите на зараза достигна до 2.024 лица.

Во Тунис се потврдени 35 смртни случаи и 780 случаи на зараза од вирусор.

Во западноафриканската држава Мали од новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа 13 лица, а 148 се заразени. 

Во Нигерија кадешто има 11 починати, безбедносните сили убија 18 цивили кои не се придржуваа кон донесената забрана за излегување на улица. Во извештајот објавен од страна на Националната комисија за човекови права (MHRC), освен тоа се  истакнува дека 33 лица кои не се придржувале кон забраната биле измачувани и дека во немирите биле ранети голем број лица.

Во Судан животот го загубија 5 лица, а се дијагностицирани 32 заразени. 

Во Лесото во јужниот дел на Африка и на Коморските острови засега не се регистрирани случаи на зараза. 

Во афричките земји како што се Централноафриканската Република, Чад, Еквадорска Гвинеја, Сао Томе, Еритреја, Мадагаскар, Сешлеите, Руанда, Јужен Судан, Уганда, Мозамбик, Намибија, Гвинеја Бусао и Сиера Леона пак, засега не се регистрирани смртни случаи.

Во Индија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 423 лица, а се утврдени 12.456 случаи на зараза.

Бројот на починатите во Пакистан пак, се зголеми на 124, а на случаите на зараза на 6.505 лица.



Слични вести