Ковид-19 во светот: Над 132.000 починати, над 2 милиони случаи на зараза и над 508.000 оздравени

Последната состојба со Ковид-19 во светот е вака: Во САД над 30 илјади починати и над 620 илјади заразени лица, во Италија 21.645 починати и 165.155 заразени, Шпанија 18.579 починати и 177.833 заразени, Франција 17.167 починати и 147.863 заразени лица

1398918
Ковид-19 во светот: Над 132.000 починати, над 2 милиони случаи на зараза и над 508.000 оздравени
Koronavirüs ABD.jpg
koronavirüs ABD.jpg
Korona ABD 4.jpg
Korona ABD 7.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
abd koronavirus.jpg
Koronavirüs ABD.1.11.04.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
Koronavirüs İtalya.3.jpg
italya kovid korona.JPG
italya koronavirus.jpg
italya korona covid.JPG
İspanya koronavirüs tedbirler11.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler 1.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler6.jpg
Koronavirüs İspanya.5.02.04.jpg
koronavirüs fransa covid-19 intihar AA.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
fransa coronavirüs.jpg
fransa koronavirus.jpg
Korona İngiltere 3.jpg
Koronavirüs Hollanda.jpg
hollanda kovid korona.JPG

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 132 илјади, на случаите на зараза над 2 милиони лица, а досега од болеста се излекувани и над 508 илјади лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои се во состојба на епицентар на глобалната епидемија бројот на починатите се зголеми на над 30 илјади, а на случаите на зараза над 620 илјади. Само во Њујорк човечките загуби изнесуваат 11.586 лица, а над 200 илјади се заразени од вирусот. 

Во Италија бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 587 лица во последните 24 часа се зголеми на вкупно 21.645. Од почетокот на епидемијата во земјата животот го загубија и 121 лекар, додека вкупната бројка на случаите на зараза изнесува 165.155 лица.

Во Шпанија бројот на починатите се зголеми на 18.579, а на случаите на зараза на 177.633.

Бројот на починатите во Франција се искачи на 17.167 лица, а на случаите на зараза на 147.863. Како што се истакнува бројот на персоналот кај кој е утврден новиот тип коронавирус (Ковид-19) на  францускиот брод носач „Шарл Де Гол“ кој се наоѓа во Атлантскиот Океан се зголеми на 668 и овој брод носач се планира да се врати во земјата на 23 април.

Во Велика Британија кадешто досега починаа 12.868 лица се дискутира во врска со уште едно скандалозно тврдење. Имено, старите лица кои се наоѓаат во домови се оставаат на смрт и се тврди дека бројот на починатите во овие домови за старци изнесува приближно 4 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Германија се искачи на 3.579 лица меѓу кои се наоѓаат и 67 турски граѓани. Во меѓувреме, во рамките на мерките за олабавување на преземените мерки во земјата против коронавирусот на 20 април ќе бидат постепено отворени продавниците, а на 4 мај училиштата и фризерските салони. Организирањето на манифестации од голем обем пак, ќе биде забрането до 31 август.

Билансот на починатите од Ковид-19 во Холандија се зголеми на 3.134 лица од кои 54 се турски граѓани, а бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 28.153 лица.

Во Белгија бројот на смртните случаи се искачи на 4.440, во Швајцарија на 1.590, Шведска 1.203, а во Канада на 1.006 лица.

Во Бразил досега се потврдени 1.590 смртни случаи, а бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 25.262 лица.
 



Слични вести