Исповед од ЕУ: Европа веќе треба да ги остави „разликите и поделбите“

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен истакна дека Европа веќе треба да ги напушти (остави) „разликите и поделбите“ и го рече следното: „Во новиот свет имаме потреба од храброст, доверба и солидарност“

1399305
Исповед од ЕУ: Европа веќе треба да ги остави „разликите и поделбите“

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен говореше на генералната седница во Европскиот парламент (ЕП) што се одржа во белгискиот главен град Брисел и притоа упати повик за солидарност до земјите членки.

Лејен призна дека беа затечени неподготвени пред епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека не можеа да ја дадат потребната поддршка на Италија. 

Признавајќи дека ооткако се појави кризата „никој не беше подготвен“, Урсула фон дер Лејен рече: „Немаше никој и тогаш кога Италија имаше најголема потреба од помош. Затоа искрено се извинувам во име на цела Европа.“

Таа укажа на значењето по оваа точка повеќе од извинување да се оди на промена во начинот на однесување (постапување) и го рече следното: „Европа за кусо време сфати дека за да се одбрани себе сѝ треба да одбрани секого.“

Застанувајќи одбрана на тоа дека Европа веќе е во солидарност и делува заедно, Лејен рече дека чувствува гордост од тоа што е Европјанка.

„Со заедничко делување утре ќе бидеме посилни. Европа во иднина би можела да одигрува позначајна улога“, појасни Таа и упатувајќи повик до сите страни кои шират лажни информации да престанат со тоа го подвлече значењето од пренесување на точни и правилни информации.

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен напомена дека критичните медицински материјали се испорачуваат насекаде во Европа и дека сите членки кои располагаат со можности почнаа да се поддржуваат меѓусебно.

Велејќи дека Европа веќе треба да ги напушти (остави) „разликите и поделбите“, Лејен го нагласи следното: „Во новиот свет имаме потреба од храброст, доверба и солидарност.“



Слични вести