Расте бројот на смртни случаи и инфектирани од Ковид-19 и во источните земји во светот

Бројот на смртните случаи во Израел изнесува 118 лица, додека на новите случаи на заразени 11 868

1398200
Расте бројот на смртни случаи и инфектирани од Ковид-19 и во источните земји во светот

Во период кога бројот на смртните случаи од новиот тип на коронаворусот (Ковид-19) во светот изнесува над 125 илјади,  бројот на заразените над 2 милиони, а бројот на оздравените пациенти над 460 илјади пациенти, расте и бројот на смртните случаи и во источните земји.

Бројот на смртните случаи во Израел изнесува 118 лица, додека на новите случаи на заразени 11 868. Меѓу нив се наоѓа и едно 8 дневно бебе. Здравствената состојба на мајката на бебето кај која не е утврден Ковид-19 е добра.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Казахстан  изнесува 1 199 и властите соопштија дека вонредната состојба ќе трае до 1 мај.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Азербејџан изнесува 13, додека на заразените 1 197.

Во епидемијата од Ковид-19 во Узбекистан умреа 4 лица, додека бројот на заразените се зголеми на 1 100.

Во Молдавија умре 38 ица, додека бројот на заразените изнесува 1 799.

Министерство за здравство на Белорусија соопшти дека бројот на смртни случаи изнесува 33, додека бројот на инфектирани пациенти 3 281 од кои 80 се деца.

Грузија соопшти дека бројот на смртните случаи во земјата изнесува 3, додека на инфектирани пациенти 299. Почнувајќи од денес во текот на претстојните 10 дена се забранува влезот и излезот од главниот град Тбилиси и градовите Кутаиси, Батуми и Рустави.

Бројот на смртни случаи во Алжир изнесува 326,  а во Саудиска Арабија 73.

Бројот на смртни случаи во Ирак изнесува 78, а на инфектирани 1 400.

Бројот на смртни случаи во Тунис изнесува 34, а на инфектирани 727 меѓу кои се наоѓа и фудбалерот Омер Зекри кој игра во екипата Итихад бин Кирдан.



Слични вести