Билансот на Ковид-19 во светот се зголеми на 125 илјади смртни случаи

Бројот на заразените изнесува над 2 милиони додека бројот на оздравените над 460 илјади пациенти

1398199
Билансот на Ковид-19 во светот се зголеми на 125 илјади смртни случаи

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 125 илјади, додека на заразените над 2 милиони. Бројот на оздравените изнесува над 460 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во САД која е центар на епидемијата се зголеми за уште 1 533 и изнесува 23 649, додека бројот на инфектираните со раст од 25 056 изнесува 582 634 пациенти. Неповолното влијание на епидемијата и натаму најмногу се чувствува во Њујорк. Со 10 058 смртни случаи и околу 200 илјади инфектирани Њујорк се наоѓа на прво место во САД, кој настан ја зголемува загриженоста. Според соопштението кое беше објавено од страна на Здравствениот департман на Њујорк Сити, има над 3 700 смртни случаи кои не беа тестирани а за кои се претпоставува дека умреле од коронавирусот и бројките се ревидирани. Во тој случај,  бројот на смртните слуаи во земјата изнесува 27 илјади, додека во сојузната држава 14 илјади. Во градот Куинс, дузини мобилни мртовечници беа преуредени и ставени во употреба.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 602 и изнесува 21 067 лица, додека бројот на заразени изнесува над 162 илјади лица. Бројот на оздравените изнесува 37 130.

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 562 и изнесува 15 529 лица, а бројот на заразените со раст од 6 524 се зголеми на 143 303 пациенти.

Вчера уште 8 турски граѓани починаа од новиот тип на коронавирусот. Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Германија се зголеми на 3 424 лица од кои 64 Турци, додека бројот на заразените изнесува околу 132 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Латиноамериканската држава Бразил во последните 24 часа се зголеми на 1 532 додека бројот на заразените се зголеми на 25 262 пациенти. Меѓу заразените се наоѓа и гувернерот на провинцијата Рио Де Жанеиро Вилсон Вицел.

Претседателот на Перу Мартин Вискара истакна дека поради Ковид-19 во земјата умреле 230 лица, додека над 10 илјади се заразени.



Слични вести