Состојбата со Ковид-19 во источните земји: Иран 4.585 починати, Кина 3.314, Алжир 293, Русија 148

Продолжува да расте бројот на смртните случаи и на случаите на зараза од епидемијата на Ковид-19 во земјите во Азија и Африка

1397482
Состојбата со Ковид-19 во источните земји: Иран 4.585 починати, Кина 3.314, Алжир 293, Русија 148
iran.JPG
Koronavirüs İran.3.02.04.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
iran.jpg
İRAN KORONAVİRUS
koronavirüs Çin.jpg
korona_Çin.jpg
Koronavirüs Rusya.2.11.04.jpg
rusya korona.jpg
Koronavirüs Rusya.3.02.04.jpg
Koronavirüs Japonya.4.11.04.jpg
Koronavirüs Japonya.1.11.04.jpg
japonya koronavirüs.jpg
Koronavairüs Japonya.1.jpg
Koronavirüs Japonya.4.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот достигна до 120 илјади, а на случаите на зараза одмина 1 милион и 933 илјади лица.

Досега од болеста се излекувани над 460 илјади лица.

Продолжува да расте бројот на смртните случаи и на случаите на зараза од епидемијата на Ковид-19 и во земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), бројот на починатите се зголеми на 3.314 лица, а на случаите на зараза на 82.249 лица. Во земјата досега оздравеа и 77.663 заболени од вирусот.

Во Иран бројот на починатите во последните 24 часа со раст од 111 лица се зголеми на вкупно 4.585 лица, а на случаите на зараза изнесува 73.303 илјади. Со цел спречување на ширењето на коронавирусот и за зачувување на социјалното растојание до народот во главниот град Техеран е упатен повик во задолжителни случаи да користи велосипеди.

Бројот на смртните случаи во Русија со раст за уште 22 лица се искачи на 170, а на случаите на зараза со раст од 2.774 на 21.102 лица. Ваквиот раст во случаите претставува највисок регистриран дневен раст досега.

Во Јапонија човечките загуби изнесуваат 137 лица, а најмалку 7.400 лица се заразени.

Бројот на починатите од коронавирусот во Русија се зголеми на 148 лица, а на случаите на зараза на 18.328.

Во Алжир починаа 293, а се заразени 1.914 лица.

Во Ирак бројот на починатите изнесува 76, а на случаите на зараза 1.352 лица.

Во Палестина со раст за уште 20 лица бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 288 лица.

Во Израел пак, бројот на починатите од коронавирусот се зголеми на 118, а на случаите на зараза на 11.868 лица. Во рамките на борбата против Ковид-19 е донесена забрана за меѓуградскиот превоз, а од вечерва (вторник) до четврток наутро е донесена забрана за излегување на улица.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко наведе дека во неговата земја нема починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) и го рече следното: „Починатите го загубија животот поради група хронични болести.“ Од друга страна пак, според објавеното соопштение од белоруското министерство за здравство, во последниот ден од Ковид-19 во земјата починаа уште 3 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 29. Според министерството, во земјата има приближно 3 илјади дијагностицирани пациенти со вирусот.

Во Казахстан кадешто животот го загубија 14 лица, досега од Ковид-19 се заразени 1.091 лице, а 138 лица ја победија болеста и издравеа. Излекувана и отпуштена е од болница и една 82 годишна жена.

Во Египет бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 159 лица, а на случаите на зараза на 2.065 .

Светската здравствена организација (СЗО) во рамките на борбата против епидемијата, упати повик до Египет за преземање на „строги мерки“ за намалување на  гужвите во чаршиите, на пазарите и во другите прометни места во оваа земја.

Во Бахреин животот го загубија 7 лица и бројот на инфектирани се зголеми на 1.392. Овие бројки во Оман изнесуваат 4/813.

Случаите на зараза од Ковид-19 во Либан се искачи на 632, во Јордан на 391, а во Либија кадешто има еден смртен случај бројот на случаите на зараза се искачи на 26.

Во Индија починаа 358 лица и се утврдени 10.541 случај на зараза. Изолацијата којашто се применува на територијата на целата држава е продолжена до 3 мај.

Во Сингапур кадешто досега има 9 починати, бројот на случаите на зараза од Ковид-19 се зголеми на 2.918 лица.

Бројот на смртните случаи во Индонезија се зголеми на 399, а на случаите на зараза на 4.557 лица и е прогласена национална елементарна непогода. Во главниот град Џакарта и во некои други области почнаа да се применуваат „социјални ограничувања од широк обем“.

Во Африка бројот на човечките загуби од Ковид-19 која се прошири на 52 земји изнесува 816 лица, додека бројот на случаите на зараза се зголемија на над 15 илјади.



Слични вести