Од постигнатиот договор помеѓу САД и Талбан на 29 февруари досега во Авганистан загинаа 83 цивили

Комисијата за човекови права на Авганистан соопшти дека од потпишувањето на мировниот договор помеѓу САД и Талибан на 29 февруари досега во Авганистан загинаа 83 цивили, а 119 цивили се ранети

1397838
Од постигнатиот договор помеѓу САД и Талбан на 29 февруари досега во Авганистан загинаа 83 цивили

Од потпишувањето на мировниот договор помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Талибан на 29 февруари досега во Авганистан загинаа 83 цивили.

Комисијата за човекови права на Авганистан објави соопштение во врска со насилствата коишто се доживуваат во земјата по потпишаниот мировен договор помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Талибан на 29 февруари.

Во соопштението се истакнува дека од потпишувањето на наведениот договор досега загинаа 83 цивили, а 119 цивили се ранети.

Се наведува дека меѓу загинатите се наоѓаат и 8 деца и 8 жени и се нагласува дека меѓу ранетите пак, има 16 деца и 15 жени.

Во соопштението се подвлекува дека од 50 отсто од цивилните загуби е одговорен Талибан, а од останатите 50 отсто се одговорни терористичката организцаија ДЕАШ и другите групи.

Во истиот период, Талибан зел во заложништво и 35 цивили чија судбина не е позната, се вели во соопштението и се потсетува дека земањето во заложништво на цивили и државни службеници и нивното убивање претставува воено злосторство. 

Во истото соопштение се додава дека заинтересираните (инволвираните) страни треба да фрлат поконкретни чекори за спречување на цивилните загуби.



Слични вести