На внатрепартиските прелиминарни избори во Демократската партија во Висконсин победи Џо Бајден

На одржаните внатрепартиски прелиминарни избори во Демократската партија во минатиот вторник победи Џо Бајден

1397619
На внатрепартиските прелиминарни избори во Демократската партија во Висконсин победи Џо Бајден

Прелиминарните избори за избор на претседателски кандидат од Демократската партија во сојузната држава Висконсин во Соединетите Американски Држави (САД) ги доби поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.

Објавени се резултатите од прелиминарните избори за избор на претседателски кандидат од Демократската партија коишто беа одржани минатиот вторник, и покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која продолжува да одзема голем број животи во САД.

Според неофицијални резултати соопштени од страна на новинската агенција Асошиедет Прес (АП), прелиминарните избори во Висконсин помеѓу двајцата кандидати на Демократската партија Џо Бајден и Берни Сандерс, ги доби Бајден со освоени 63 отсто гласови. Сандерс пак, остана на 31 отсто.

Инаку, еден ден по овие одржани внатрепартиски прелиминарни избори Берни Сандерс соопшти дека се повлекува од трката, со што Џо Бајден остана како единствен кандидат за претседател од Демократите.

Сандерс и во дадената изјава вчера прогласи дека на претседателските избори закажани за 3 ноември оваа година ќе го поддржува Џо Бајден, кој пак инаку ја извршуваше функцијата потпретседател на државата за време на претседателскиот мандат на Барак Обама.



Слични вести