Ковид-19 во светот: Починаа над 120.000 лица, заразени се 1,9 милиони, а над 440.000 лица оздравеа

Во САД кои станаа епицентар на Ковид-19 бројот на починатите се зголеми на 23.649 лица, во Италија на 20.465, во Шпанија 18.056, Франција 14.967, Велика Британија 12.107, Белгија 4.157, Холандија 2.945, Германија 2.799, во Северна Македонија на 44 лица

1397408
Ковид-19 во светот: Починаа над 120.000 лица, заразени се 1,9 милиони, а над 440.000 лица оздравеа
Koronavirüs ABD.1.11.04.jpg
abd koronavirus.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
abd kovid.jpg
Koronavirüs ABD Gemi.1.jpg
Koronavirüs ABD.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
Koronavirüs İtalya.3.jpg
Koronavirüs İtalya.1.jpg
italya kovid korona.JPG
Koronavirüs İspanya.4.11.04.jpg
Koronavirüs İspanya.3.11.04.jpg
Koronavirüs İspanya.6.02.04.jpg
Koronavirüs İspanya.4.02.04.jpg
Koronavirüs İspanya.5.02.04.jpg
Koronavirüs İspanya.1.02.04.jpg
koronavirüs fransa covid-19 intihar AA.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
Korona İngiltere 2.jpg
ingiltere.jpg
Koronavirüs Hollanda.jpg
hollanda kovid korona.JPG
Kuzey Makedonya Koronavirüs.jpg
Kuzey Makedonya OHAL.jpg
Koronavirüs Bosna.2.02.04.jpg
Koronavirüs Bosna.3.02.04.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот достигна до 120 илјади, а на случаите на зараза одмина 1 милион и 933 илјади лица.

Досега од болеста се излекувани и над 460 илјади лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои станаа епицентар на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) бројот на починатите достигна до 23.649 лица, а на случаите на зараза надмина половина милион и се движи кон 600 илјади (587.155 лица). Само во Њујорк бројот на смртните случаи изнесува над 10 илјади лица. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо истакна дека во болниците на сојузната држава секојдневно се обраќаат по 2 илјади лица. Како што се дознава во Њујорк од коронавирус животот го загубија и 50 вработени во одделот за образование. Бродот носач „USS Harry S. Truman“ кој се врати од задача од Блискиот исток заедно со бродовите во негова придружба со превентивна цел против епидемијата на Ковид-19 ќе чека 3 недели во Атлантскиот Океан.

Во Италија во последните 24 часа од епидемијата на новиот тип коронавирус починаа уште 566 лица со што вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 20.465 досега, а досега се потврдени вкупно 159.516 случаи на зараза од вирусот. Мерките за карантин во Италија се продолжени до 3 мај, додека има денденција на намалување во бројот на пациенти на интензивна нега веќе десетти ден по ред.

Во Шпанија со смртта на уште 567 лица во последните 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 18.056.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција со раст за уште 574 лица во последните 24 часа се зголеми на 14.967, а на случаите на зараза достигна до 136.779.

Францускиот претседател Емануел Макрон во своето обраќање до нацијата призна дека не беа подготвени доволно за епидемијата и соопшти дека ограничувањето за слободното движење со исклучок во задолжителни случаи, е продолжено до 11 мај. Макрон воедно истакна дека до објавување на втора наредба ќе продолжат да бидат затворени границите за земјите надвор од европските земји. 

Во Велика Британија бројот на починатите од епидемијата Ковид-19 со раст за уште 778 лица во последните 24 часа се зголеми на 12.107. Според објавеното соопштение од британското министерство за здравство, бројот на случаите на зараза од вирусот со додавање на уште 4.342 утврдени новозаразени изнесува 88.621.

Министерот за надворешни работи Доминик Раб кој го заменува премиерот Борис Џонсон на одржаната дневна прес конференција истакна дека се ште не е достигнат пикот во епидемијата. Велејќи дека за разгледување на влијанијата на ограничувањата на карантинот што се спроведува ќе се состане Научната советодавна делегација, Доминик Раб рече: „Не размислуваме да направиме био каква промена во мерките коишто моментално се во примена.“

Од друга страна, во објавеното соопштение од британската влада се истакнува дека премиерот Борис Џонсон не работи и дека ќе се врати на работа само со препорака на лекарите. Заменик премиерот Мајкл Гоув пак, кој пред 2 недели соопшти дека е во самоизолација беше снимен како спортува. Една друга критика во Велика Британија беше и тоа што Гоув и направи тест за Ковид-19 на својата ќерка, а бидејќи во земјата се прави тест само на лицата кои се хоспитализирани.

Во Германија со смртта на уште 126 лица во последните 24 часа бројот на починатите се зголеми на 2.799, а на случаите на зараза со уште 2.537 нови дијагностицирани се искачи на 123.016 лица.

Во Белгија кадешто досега животот го загубија 4.157 лица, бројот на заразените од вирусот со раст за уште 530 дијагностицирани достигна до 31.119. Во земјата досега животот го загубија и 27 турски граѓани.

Бројот на смртните случаи во Холандија со раст за уште 122 лица во последните 24 часа  се зголеми на 2.945, а на случаите на зараза со раст од 868 се покачи на 27.419 лица.

Во Австрија кадешто уште од 25 февруари кога беше утврден првиот случај на зараза од вирусот владата почна постепено да става во примена строги превентивни мерки, откако брзината на зараза на вирусот почна да наазадува до 2 отсто, донесе одлука за отворање на некои работни места. Почнувајќи од денеска во прва фаза е дозволено да бидат отворени работните места со површина под 400 квадратни метри и во овие работни места е задолжено да се користат маски и средство за дезинфекција, како и да се почитува правилото на социјално растојание. На 2 мај се има за цел да почнат да работат голем број работни места во земјата кадешто е соопштено дека бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 384, а на случаите на зараза 14.159.

Во Канада бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 833, а на случаите на зараза на 25.680 лица.

Во балканските земји исто така со секој поминат ден продолжуваат да растат и смртните случаи и случаите на зараза од епидемијата9.

Министерството за здравство на Северна Македонија потврди 6 нови смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 44. Во соопштението од Министерството се наведува дека во изминатите 24 часа се регистрирани 54 нови случаи на вирусот и вкупната бројка на дијагностицирани пациенти се искачи на 908. Во последните 24 часа се излекувани 42 пациенти заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани се искачи на 86. Во изминатото деноноќие се направени 710 теста и со нив вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во Северна Македонија е зголемен на 9.262.

Во Србија досега починаа 94, а бројката на случаите на зараза со раст за уште 411 лица се зголеми на 4.465.

Во Црна Гора има 3 починати и 273 заразени од вирусот. Во градот Тузи беше одлучено по 21 ден да бидат олабавени мерките. Според тоа, во Тузи само по еден член од секое семејство ќе може да излегува надвор 0д 08 до 14 часот, а освен тоа ќе почнаат да работат и аптеките и маркетите.

Во Албанија починаа 23 лица, а се дијагностицирани 467 пациенти.

Бројот на смртните случаи во Хрватска достигна до 50 лица, на случаите на зараза се зголеми на 1.650, а досега оздравеа 400 лица.

Една друга европска земја која почна да ги олабавува преземените мерки во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19, стана Чешка кадешто почнувајќи од денеска му е дозволено на народот да патува. Итната состојба во земјата е продолжена до крајот на месец април, додека лицата кои ќе патуваат во странство на враќање во земјата ќе треба да се придржуваат кон правилото од 14 дневен карантин. Соопштено е дека во Чешка бројот на човечките загуби се зголеми на 144, а на смртните случли на 6.059 лица.

Коронавирусот во Албанија досега одзеде 24 животи, а се заразени 475 лица.

Во Хрватска бројот на починатите се зголеми на 29, на случаите на зараза на 1.704, а досега оздравеа 400 лица. 

Бројот на смртните случаи и на случаите на зараза во некои други балкански и европски земји е вака:

Романија 346/6.879, Грција 99/2.145, Словенија 56/1.220, Босна и Херцеговина 40/1.083, Северна Македонија 44/908, Бугарија 35/695, Косово 8/362, Полска 251/7.049, Малта 3/393, Португалија 567/17.448, Норвешка 134/6.605, Данска 299/6.496, Финска 64/3.161, Унгарија 122/1.512, Естонија 31/1.373, Литванија 24/1.070, Словачка 2/835 и Летонија 5/657.

Во Нов Зеланд пак, смртните случаи се зголемија на 9, а на случаите на зараза на 1.366 лица.

Во јужноамериканската држава Бразил бројот на починатите со раст за уште 105 лица во последните 24 часа се зголеми на 1.328, а на случаите на зараза со додавање на уште 1.261 лице се покачи на 23.430.

Бројот на починатите во Еквадор се зголеми на 355, а од вирусот се заразени 7.529 лица.

Во островската држава на Карибите, Доминиканската Република, првиот круг од претседателските избори за кои се планираше да се одржат на 17 мај поради епидемијата на Ковид-19 е одложен за 5 јули.



Слични вести