Трамп оствари посебни телефонски разговори со Путин и престолонаследникот бин Селман

Трамп на двајцата лидери им го изрази задоволството од меѓусебната и соработката со другите земји призводители и извознички на нафта

1396732
Трамп оствари посебни телефонски разговори со Путин и престолонаследникот бин Селман
donald trump.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари посебни теефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Селман.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Белата куќа, Трамп на двајцата лидери им го изрази задоволството од меѓусебната и соработката со другите земји призводители и извознички на нафта, поради што за чувствителноста во однос на производството на заедничко определеното количество нафта согласно глобалните енергетски и финансиски пазари, посебно им се заблагодари на Путин и на Селман.

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавата преку профилот на твитер истакна:

„Заврши големиот договор за нафта на ОПЕК+. Тоа ќе спаси илјадници вработувања во енергетскиот сектор. Им честитам на Русија и Саудиска Арабија за постигнатит договор.“



Слични вести