Срушен воен хеликоптер на силите на Хафтар и неутрализирани 35 негови припадници

Силите на Владата на национално единство на Либија срушија воен хеликоптер на силите на Хафтар и неутрализираа 35 припадници на неговите милициските сили, а голем број заробија.

1396750
Срушен воен хеликоптер на силите на Хафтар и неутрализирани 35 негови припадници

Силите на Владата на национално единство на Либија соборија воен хеликоптер на милициските сили на Халифа, а на југот на градот Мисратта се неутрализирани 35 припадници на милициските сили на Хафтар.

Според објавеното соопштение од страна на портпаролот на воените единици на легитимната меѓународно призната влада од страна на Обединетите нации (ОН) Владата на национално единство на Либија потполковник Мухамед Кунуну, воздушните сили на владините сили во близина на градот Мисрата на 200 километри од главниот град Триполи соборија воен хеликоптер на милициските сили на Хафтар од типот Mi-35 од руско производство. 

Велејќи дека се срушени и 2 беспилотни летала од кинеско производство, Кунуну соопшти дека во срушениот хеликоптер го загубија животот сите, меѓутоа не даде информации во врска со тоа колку точно лице се наоѓале во хеликоптерот. 

Во објавеното соопштение од прес центарот на операцијата Вулкан на гневот на воените единици на Владата на национално единство на Либија пак, е соопштено дека милициските сили на Халифа Хафтар реализирале напад врз областите Ебу Курејн јужно од градовите Вешка и Мисрата.

Во соопштението се истакнува дека нападот е одбиен и дека притоа се неутрализирани 35, а се заробени голем број припадници на милициските сили на Хафтар.



Слични вести