Расте бројот на смртни случаи и инфектирани од Ковид-19 и во источните земји во светот

Бројот на смртните случаи во Алжир се зголеми за уште 18 и изнесува 291 лица

1396586
Расте бројот на смртни случаи и инфектирани од Ковид-19 и во источните земји во светот

Во период кога бројот на оздравените пациенти од Ковид-19 во светот изнесува над 412 илјади пациенти, бројот на смртните случаи изнесува над 100 827.

Бројот на смртните случаи во Алжир се зголеми за уште 18 и изнесува 291 лице. Бројот на нови случаи на заразени изнесува 1 914, додека на оздравените пациенти 591.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Ирак се зголеми за уште 76, додека на заразените на 353.

Министерство за здравство на Палестина соопшти дека со утврдување на уште 20 инфектирани пациенти, бројот на заразени се зголеми на 288.

Министерство за здравство на Египет соопшти дека со утврдување на уште 145 инфектирани пациенти, бројот на заразени се зголеми на 2 065.

Бројот на смртни случаи во Катар изнесува 7, додека бројот на инфектирани се доближи до 3 илјади.

Бројот на инфектирани во Оман изнесува 599, во Бахреин 1 087, во Обединетите Арапски Емирати 4 123.



Слични вести