Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот се зголеми на над 110 илјади лица

Бројот на заразените изнесува над 1 800 000 додека бројот на оздравените изнесува над 412 илјади пациенти

1396581
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот се зголеми на над 110 илјади лица

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 100 827, додека на заразените над 1 800 000. Бројот на оздравените изнесува над 412 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во САД која стана центар на едпиемијата се зголеми за уште 1 831 и изнесува 20 608, додека бројот на инфектираните изнесува над 530 илјади пациенти. Њујорк со 8 650 смртни случаи и 18 илјади инфектирани се наоѓа на прво место.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 431 и изнесува 19 899 лица, додека бројот на заразени изнесува над 102 илјади лица.

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 561 и изнесува 14 393 лица, а бројот на заразените се зголеми на 132 591 пациент.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 737 и изнесува 10 612 лица. Бројот на заразените се зголеми за уште 5 288 и изнесува 84 279. Денес се очекува да продолжи рокот на привремениот карантин кој завршува.



Слични вести