Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 430 илјади лица

Бројот на излекуваните лица заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот досега изнесува 431.536

1397090
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 430 илјади лица

Според интернет-страницата „Worldometer“ од чија страна се сумираат податоците во врска со новите случаи во земјите и областите кадешто се забележува новиот тип коронавирус (Ковид-19), досега во светот 431.536 лица успеаја да оздрават и да го победат вирусот.

Најголем број излекувани лица се регистрирани во Кина, така да во земјата оздравеа 77.663 лица заболени од Ковид-19.

По Кина, земји во кои оздравеа најголем број пациенти редум следуваат Шпанија со 64.727, Германија 64.300, Иран 43.894, Италија со 34.211, САД со 32.634 и Франција со 27.186 излекувани лица.

Во период кога бројот на утврдените случаи на зараза со Ковид-19 во светот достигна до 1 милион 861 илјади 672 лица, поради вирусот досега животот го загубија 114.980 лица низ светот.

 



Слични вести