Женските ограноци на џамиските здруженија во Германија почнаа да шијат и да раздаваат маски

Членовите на женските ограноци на џамиските здруженија кои делуваат во склопот на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИП) со седиште во градот Келн маските коишто ги шијат ги раздаваат бесплатно

1396377
Женските ограноци на џамиските здруженија во Германија почнаа да шијат и да раздаваат маски

Членовите на здружението во склопот на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИП) во Германија, со цел да водење борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19) почнаа да шијат маски и истите да ги раздаваат бесплатно.

Членовите на женските ограноци на џамиските здруженија Bad Kreuznach, Betzdorf, Lemgo, Oberhausen-Osterfeld, Rheinböllen, Völklingen и Werl кои делуваат во склопот на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИП) со седиште во градот Келн, маските коишто ги шијат со корпотративна совест на општествено здравје и општествена одговорност им ги раздаваат бесплатно на градските болници, домовите за старци, аптеките, полициските и пожарникарните служби и на еснафите и комшиите.

Назмије Џејлан, претседателката на женскиот огранок на централната џамија Bad Kreuznach во склопот на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИП), го рече следното: „Тргнавме на пат инспирирани од хадисот на нашиот Хазрети Пејгамбер „Најдобриот меѓу луѓето е оној кој е најкорисен за луѓето“. Нашата цел е да правиме корисни работи за општеството и за луѓето. Маските коишто членовите на нашиот женски огранок ги произведуваат ги раздаваме бесплатно. Во овој процес треба да ги држиме на преден план единството и заедништвото.“



Слични вести