Во знак на поддршка на борбата на Турција против Ковид-19 на зградата на центарот „Хајдар Алиев“ во Баку проектирано турското знаме

Во знак на презентирање на поддршката на Азербејџан на борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19), на зградата на центарот „Хајдар Алиев“ во Баку, покрај азербејџанското знаме е проектирано и турското знаме

1396215
Во знак на поддршка на борбата на Турција против Ковид-19 на зградата на центарот „Хајдар Алиев“ во Баку проектирано турското знаме

На зградата на Центарот Хајдар Алиев, едниот од новите архитектонски симболи на главниот град на Азербејџан, Баку, е проектирано турското знаме.

Во знак на презентирање на поддршката на Азербејџан на борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19), на зградата на центарот „Хајдар Алиев“ во Баку, покрај азербејџанското знаме е проектирано и турското знаме, а беше пуштена и турска музика.

Амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал, го рече следното: „Денеска турските и азербејџанските знамиња се проектирани на центарот Хајдар Алиев. Виорењето на двете братски знамиња буди гордост кај нас. Станваме сведоци на еден многу убав показател за блискоста, солидарноста и братството помеѓу Турција и Азербејџан.“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер оваа фотографија и го напиша следното: „Во рамките на заедничката борба против Ковид-19 на центарот Хајдар Алиев, едниот од симболите на Баку, заедно се виорат турското и азербејџанското знаме. Еден народ, едно срце! Турското знаме, азербејџанското знаме. Ќе победиме заедно.“



Слични вести