Штајнмаер: Ковид-19 кој го зафати целиот свет претставува испит за целото човештво

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер истакна дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој го зафати целиот свет претставува испит за целото човештво

1396291
Штајнмаер: Ковид-19 кој го зафати целиот свет претставува испит за целото човештво

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во своето обраќање до нацијата коешто беше емитувано вчера преку телевизијата, а по повод епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го повика народот да биде трпелив и да покаже солидаризација. 

Штајнмаер рече дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој го зафати целиот свет претставува испит за целото човештво.

Нагласувајќи дека епидемијата на Ковид-19 не претставува војна, германскиот претседател рече: "Не доаѓаат едни наспроти други народот и  војниците. Всушност ова е испит за нашето човештво. Тоа овозможува да се појави (види) најдоброто и најлошото кај единката. Да си го покажеме најдоброто меѓу нас."

Штајнмаер предупреди дека поради тоа што не се силни и здрави нејзините соседи и Германија не ќе може да излезе силна и здрава од оваа криза, а воедно истакна дека епидемијата го покажа и тоа колку се ранливи луѓето. 

Во врска со тоа кога ќе бидат олабавени мерките коишто се преземаат поради Ковид-19, Штајнмаер напомена дека за тоа нема да одлучат само политичарите и експертите и дека исто така и народот треба да биде трпелив и да се однесува дисциплинирано. 

Барајќи солидарноста којашто се презентира во оваа криза да се покажува и во иднина, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја изнесе следната констатација: "По оваа криза ќе станеме поразлично општество. Не сакаме да станеме скептично општество кое чувствува страв. Би можеле да станеме учтиво и оптимистичко општество кое чувствува поголема доверба."



Слични вести