Повик од Гутерес до верските лидери да се приклучат во борбата против коорнавирусот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес по повод верските празници Велигден на христијатните, Пасха на евреите и муслиманскиот месец на постот Рамазан којшто наближува ги повика верските лидери да се приклучат во борбата против коронавирусот Ковид-19

1396185
Повик од Гутерес до верските лидери да се приклучат во борбата против коорнавирусот

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес ги повика верските лидери да се приклучат во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според објавеното соопштение од портпаролството на генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутерес им ги честита верските празници Велигден на христијатните, Пасха на евреите и муслиманскиот месец на постот Рамазан којшто наближува и обраќајќи им се на верските лидери рече: „Денеска сакам да доставам посебен повик до вас. Ве повикувам да се приклучите во борбата против коронавирусот.“

Укажувајќи дека верските празници се посебни денови и моменти во општествата кога се состануваат луѓето и семејствата, Гутерес го истакна следното: „Меѓутоа, овојпат се наоѓаме во едно многу чудно, надреално, различно време. На улиците владее тишина, продавниците се затворени, верските објекти се празни.“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик во овие свети денови да се молиме за беспомошните и ранливите мигранти/бегалци и другите средини против вирусот, а пред се да се молиме за здравствените работници кои се борат против слобалната епидемија.

„Со зоработка, солидарност и верување, заедно можеме да го победиме и ќе го победиме овој вирус.“ - рече Гутерес.



Слични вести