Последната состојба со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите во Азија и Африка

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите во Азија и во Африка продолжува да расте

1396183
Последната состојба со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите во Азија и Африка
koronavirüs Çin.jpg
Korona Çin 2.jpg
çin koronavirüs.jpg
iran.JPG
iran.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
Koronavirüs Japonya.1.11.04.jpg
Koronavirüs Japonya.4.11.04.jpg
Koronavirüs Japonya.4.jpg
Rusya Koronavirüs.3.08.04..jpg
Koronavirüs Rusya.1.08.04.jpg
rusya korona.jpg
endonezya kovid.JPG

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 110 илјади, а на случаите на зараза над 1 милион и 800 илјади лица.

Досега од болеста се излекувани и над 400 илјади лица.

Бројот на смртните случаи во Кина, изворната земја кадешто се појави и вирусот се зголеми на 3.339 лица, на случаите на зараза над 82 илјади лица, додека досега се излекувани 77.575 лица. 

Во Иран бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 4.474, а на случаите на зараза на 71.686 лица. Градоначалникот на Тебриз Иреџ Шехин Бахер беше позитивен на тестот на Ковид-19. 

Во Русија бројот на починатите се зголеми на 130 лица, а на случаите на зараза на 15.770.

Во Израел бројот на смртните случаи се зголеми на 103, а на случаите на зараза на 10.878 лица.

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) бројот на починатите изнесува 3, а на случаите на зараза 99 лица. Донесена е одлука за затворање на границите до 30 април за сите странски граѓани, освен за граѓаните на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Јужната кипарско-грчка управа пак, изнесува 10, а на случаите на зараза 616 лица.

Расте бројот на смртни случаи и на случаите на зараза и во земјите во Евроазија.

Во Украина 83/2.777, Казахстан 10/897, Киргизистан 5/377, Грузија 3/255, Узбекистан 4/796, а во Ерменија 13/1/013.

Во Малезија животот го загубија 76 лица, додека бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 4.683 лица.

Министерството за здравство на Индонезија соопшти дека бројот на починатите со смртта на уште 26 лице се зголеми на 373, а на лицата заразени од вирусот на 4.241.

Во Јапонија кадешто во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) е прогласена вонредна состојба во главниот град Токио и во 6 други области, бројот на починатите се зголеми на 144, а на случаите на зараза на 7.650 лица.

Во југоисточноазиската држава Филипините досега починаа 297 лица, а се утврдени 4.648 случаи на зараза.

Во Тајланд е намалена дневната бројка на регистрирани случаи на зараза. Вчера се утврдени 45 нови случаи на Ковид-19 и вкупниот број на дијагностицирани се зголеми на 2.518 лица. Во споредба со другите земји од регионот Тајланд го продолжува успешниот перформанс во лекувањето на случаите на зараза од вирусот, така што се истакнува дека вчера се излекувани уште 122 лица и вкупната бројка на излекуваните досега достигна до 1.135 лица.

Во Индија досега од Ковид-19 животот го загубија 289 лица, а се утврдени 8.504 случаи на зараза. Забраната за излегување на улица во земјата чиј рок истекува на 14 април, се очекува да биде продолжена за уште две недели.

Во Јужна Кореја починаа 214, а се заразени 10.512 лица. Во Сингапур починаа 8, а се заразени 2.299 лица.

Во Бангладеш поради вирусот животот го загубија 30 лица, а кај 482 лица е утврден Ковид-19.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Алжир се зголеми на 275 лица, во Египет на 146, Ирак 74, Саудиска Арабија 59, а во Тунис на 28 лица. 

Во Катар бројот на случаите на зараза се зголеми на 2.728, во Кувајт на 1.234, Либан 630, а во Јордан на 381 лице.

 



Слични вести