Британскиот премиер Борис Џонсон отпуштен од болница

Британскиот премиер Борис Џонсон на излегување од болницата им се заблагодари на вработените во Националниот здравствен сервис (NHS) и го рече следното: „Не можам да им се заблагодарам доволно на медицинските лица. Им го должам мојот живот.“

1396503
Британскиот премиер Борис Џонсон отпуштен од болница

Британскиот премиер Борис Џонсон кој извесно време се наоѓаше на лекување од новиот тип коронавирус (Ковид-19) е излекуван и отпуштен од болница.

Џонсон на излегување од болницата им се заблагодари на вработените во Националниот здравствен сервис (NHS) и го рече следното: „Не можам да им се заблагодарам доволно на медицинските лица. Им го должам мојот живот.“

Британскиот премиер Борис Џонсон кој изминативе денови беше заболен од коронавирус по што се стави себе си во карантин во премиерската резиденција, откако почна да му се влошува здравствената состојба на 6 април беше префрлен на интензивна нега.

По поминатите 3 ноќи на интензивна нега Џонсон е отпуштен од болницата Сент Томас и во дадената изјава за британскиот печат заблагодаривајќи им се на вработените во Националниот здравствен сервис (NHS) го рече следното: „Им го должам мојот живот. Колку и да им се заблагодарам е малку.“

Во објавеното соопштениеод владината канцеларија пак, е информирано дека здравствената состојба на Џонсон се подобрува и продолжува да постигнува многу добар напредок.



Слични вести