Билансот од Ковид-19 во светот: Над 107 илјади починати и приближно 1,8 милиони заразени лица

Бројот на починатите од Ковид-19 во Италија се зголеми на 19.468 лица, во Шпанија 16.972, Франција на 13.832, Велика Британија 10.612, Белгија 3.600, Холандија 2.737, Швајцарија 1.081, Шведска 887, Португалија 470, Австрија 337, Данимарка 260 ...

1396173
Билансот од Ковид-19 во светот: Над 107 илјади починати и приближно 1,8 милиони заразени лица
koronavirüs genel.jpg
koronavirüs ABD coronavirUS.jpg
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.3.jpg
italya kovid korona.JPG
Koronavirüs İtalya.1.jpg
italya kovid korona.JPG
Koronavirüs ABD.2.11.04.jpg
Koronavirüs ABD.3.11.04.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
abd kovid.jpg
Koronavirüs İspanya.4.11.04.jpg
Koronavirüs İspanya.3.11.04.jpg
Koronavirüs İspanya.1.11.04.jpg
Koronavirüs İspanya.6.02.04.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
Koronavirüs Fransa 3.jpg
Koronavirüs Hollanda.jpg
hollanda kovid korona.JPG
Koronavirüs Hollanda.1.jpg
Kuzey Makedonya Koronavirüs.jpg
MAKEDONYA_KORONAVIRUS_HASTA_SAYISI.jpg
Kuzey Makedonya Kovid-19.jpg
Kuzey Makedonya Korona.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 107 илјади, а на случаите на зараза над 1 милион и 800 илјади лица.

Досега од болеста се излекувани и над 400 илјади лица.

Во Италија бројот на починатите од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа со раст за уште 619 лица се зголеми на вкупно 19.468 лица. Бројот на случаите на зараза во земјата се искачи на 100.269 лица. Во правец на поплаките на блиските на починатите во домовите за старци во градот Милано и околината, се покренуваат истраги во врска со тврдењата дека не се преземени неопходните мерки против епидемијата и со тоа е причинета смрт на голем број стари лица.

Во Шпанија во послендите 24 часа починаа уште 619 лица со што бројот на смртните случаи од вирусот се зголеми на 16.972 лица. 

Во Франција бројот на смртните случаи од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 643 лица во последните 24 часа, се зголеми на вкупно 13.832 лица. Бројот на лицата кај кои е утврден вирусот пак, со раст од 3.114 лица во последните 24 часа, се искачи на вкупно 93.790. 

Од друга страна, францускиот министер за труд Муриел Пенико во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија истакна дека бројот на лицата кои поради вирусот останаа без работа во земјата се зголеми на 8 милиони. Отпуштените лица од работа ќе добиваат од државата 70 отсто бруто плата за невработеност.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Велика Британија во последните 24 часа се зголеми за уште 737 лица и достигна до 10.612, додека случаите на зараза со раст за уште 5.234 лица се искачи на вкупно 78.991. Се очекува да биде продолжен делумниот карантин во земјата чиј рок истекува на почетокот на неделата, меѓутоа се согледува дека народот не ги зема во предвид предупредувањата за неизлегување на улица.

Во Белгија кадешто животот го загубија 3.600 лица, бројот на случаите на зараза од вирусот во последните 24 часа со за раст уште 1.629 лица се искачи на 29.647. 

Вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во Европа изнесува над 75 илјади, а на случаите на зараза на 909 илјади.

Билансот на смртните случаи во некои други европски земји е вака:

Во Германија има 2.871 починат, Холандија 2.737, Швајцарија 1.081, Шведска 887, Португалија 470, Австрија 337, Данска 260, Полска 195 и во Чешка 123.

Од балканските земји во Словенија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа 53 лица, а бројот на случаите на смт се зголеми на 1.205 лица. Во Црна Гора пак, бројот на смртните случаи се зголеми на 3 лица, а на случаите на зараза на 267.

Во некои други балкански земји бројот на смртни случаи и случаи на зараза е вака: Во Романија 306/6.300, Босна и Херцеговина 38/986, Бугарија 29/669, Албанија 23/446, Грција 93/2/081. 

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се потврдени уште два нови смртни случаи од Ковид-19 со што вкупната бројка на починатите во земјата се зголеми на 34 лица.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани и 49 нови случаи позитивни на вирусот и вкупната бројка на дијагностицирани се зголеми на 760 лица. Во последните 24 часа се направени вкупно 586 теста и се хоспитализирани 29 лица потврдени и сомнителни на новиот тип коронавирус (Ковид-19).“ – стои во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа со раст за уште 1.831 лице се зголеми на вкупно 20.608 лица со што САД ја надминаа и Италија и станаа земја со најмногу починати во светот. Бројот на случаите на зараза пак, надмина половина милион лица (532.879).

Според добиени последни информации, поради пандемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19 е прогласена состојба на голема катастрофа и во сојузната држава Вајминг. На тој начин претседателот Доналд Трамп стана прв претседател на САД кој во ист момент прогласи состојба на голема катастрофа во 50 сојузни држави во историјата на земјата.

Во Бразил бројот на смртните случаи се зголеми на 1.141 лице.

Во Австралија со смртта на уште 3 лица бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 59 лица.

Во Нов Зеланд заедно со регистрирани уште 18 новозаразени од вирусот вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 1.330. 

 



Слични вести