Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот се зголеми на 100 илјади лица

Бројот на оздравените пациенти во свеот изнесува над 370 илјади

1395861
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот се зголеми на 100 илјади лица

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 100 илјади, додека на оздравените над 370 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 980 и изнесува 8 958 лица. Спроведувањето на строгите мерки на карантин кои трае скоро еден месец, ќе продолжи до 3 мај. Премиерот Џузепе Конте на прес конференцијата во службената резиденција на владата Чиги рече:

„Мерките почнаа да ги дваат првите резултати. Мерките на ограничување ги продолжуваме до 3 мај. Ова е тешка, но потребна одлука. Јас ја преземам сета политичка одговорност. Ако сега се откажеме, тогаш ќе ги изгубиме сите поволни резултати и ќе се соочиме со ризик од враќање назад. Конте подвлече дека без оправдани причини како што се купување намирници, работа или здравствени причини, ќе продолжи забраната за излегување од дома.“

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 987 и изнесува 13 197 лица. 554 смртни случаи беа забележан во болниците, а 433 во домовите за згрижување стари лица.  Бројот на заразените со раст од 4 342 се зголеми на 90 676 пациенти. Бројот на граѓаните кои се хоспитализираат во болниците од 16 784 се зголеми на 19 304 пациенти. Во меѓувреме весникот „Гардијан“ објави вест според која околу 1000 лица кои умреа во домовите за згрижување стари лица не биле регистрирани во списокот на смртни случаи од Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во САД се зголеми за уште 1 878  и изнесува 16 686. Бројот на заразените во последните 24 часа од Ковид-19 се зголеми за уште 33 861 и изнесува 466 299. Бројот на оздравените пациенти изнесува над 26 илјади.

Американскиот претседател Донлад Трамп во изјавата за печатот и проценката на ситуацијата рече дека „Земјата се соочува со една голема катастрофа и тага“ и се обиде да им влее надеж на граѓаните истакнувајќи дека „Имаме можност да забележиме силни претсказатели за подобрувањето на состојбата.“ На прес конференцијата со Здружените сили за борба против Ковид-19 во Белата куќа, Трамп во врска со првите претспоставки за смртните случаи од епидемијата рече дека оваа бројка може да изнесува под 100 илјади. Ако останеме на ниво од 60 илјади тоа ќе биде неверојатно добро. Од друга страна пак Командата на копнените сили на САД, во борбата против едпиемијата на Ковид-19 повика на мобилизација околу 800 илјади поранешни војници, од кои 25 илјади се одзваа на повикот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа латинска Америка која брои над 600 милиони жители изнесува 2 218, додека бројот на заразените изнесува 54 953. Бразил со 1 057 смртни случаи и 16 638 заразени пациенти е земја која најмногу потпадна под неповолното лвијание на вирусот во регионот.

Според податоците, односот на смртните случаи и заразените од Ковид-19 во земјите во регионот се дадени долу:

„Еквадор 297 / 7 161; Чиле 65/ 6 501, Перу 169 / 5 897, Колумбија 69 / 2 223, Аргентина 81 / 1 894, Уругвај 7 / 473, Боливија 19 / 268, Венецуела 9 / 171, Парагвај 6 / 129, Мексико 194 / 3 441, Панама 66 / 2 752, Доминиканската Република 126 / 2 620, Куба 15 / 564, Костарика 3 / 558, Хондурас 23 / 382, Гватемала 3 / 126, Ел Салвадор 6 / 117, Хаити 2 / 31 и Никарагва 1 / 7.“

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Канада се зголеми за уште 103 и достигна 579 лица, додека бројот на заразените случаи со раст од 2 755 се зголеми на 22 046 пациенти.



Слични вести