Ковид-19 во светот: Починаа над 95 илјади лица, приближно 1,6 милиони луѓе се заразени

Во Италија бројот на починатите од епидемијата на Ковид-19 се зголеми на 18.279 лица, а на утврдените случаи на зараза на 96.877,

1394986
Ковид-19 во светот: Починаа над 95 илјади лица, приближно 1,6 милиони луѓе се заразени
italya
italya koronavirus.jpg
Koronavirüs İtalya.1.jpg
italya kovid korona.JPG
ispanya.jpg
Koronavirüs İspanya.4.02.04.jpg
Koronavirüs İspanya.1.02.04.jpg
Korona İspanya.jpg
fransa paris koronavirus bos sokaklar.jpg
koronavirüs ABD coronavirUS.jpg
koronavirüs ABD.jpg
Koronavirüs ABD.jpg
Korona ABD 8.jpg
abd tibbi ekipman.jpg
Korona İngiltere 2.jpg
Korona İngiltere 3.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на над 95 илјади, а на случаите на зараза над 1 милион и 600 илјади лица.

Досега од болеста се излекувани и повеќе од 350 илјади лица.

Во Италија бројот на починатите од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа со раст за уште 610 лица се зголеми на 18.279 лица. Меѓу починатите се наоѓаат и 105 лекари и 28 медицински сестри. Бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 96.877 лица, додека се истакнува дека Владата се подготвува строгите мерки на карантин чиј рок истекува на 13 април да ги продолжи за уште 2 недели.

Во Франција бројот на смртните случаи од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 12.210 лица. Во последните 24 часа бројот на лицата кај кои е утврдена зараза од вирусот со уште 4.286 заразени достигна до 86.334 лица. Од друга страна, во објавеното соопштение од француското министерство за одбрана се истакнува дека на бродот носач на авиони „Шарл Де Гол“ биле направени тестови на 66 од персоналот од кои 50 биле позитивни на Ковид-19. Во соопштението се вели дека состојбата на дијагностицираните не била тешка, додека тројца од нив преку Португалија биле испратени во градот Тулон, во Франција. Исто така и во објавеното соопштение од министерството пред 2 дена беше истакнато дека францускиот носач на авиони „Шарл Де Гол“ во Атлантскиот Океан поради сомневање од Ковид-19 на 24 април ќе се врати во пристаништето во Тулон.

Во Шпанија бројот на починатите се зголеми на 15.843 лица, а на случаите на зараза достигна до 152.446. Во рамките на борбата против епидемијата прогласената вонредна состојба на 14 март во земјата е продолжена до 26 април. 

Во Велика Британија со смртта на уште 881 лице во последните 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 7.978, додека  16.784 заразени лица се наоѓаат на лекување. Во меѓувреме, се истакнува дека британскиот премиер Борис Џонсон чие лекување продолжува веќе 3 дена излегол од интензивна нега и дека неговата здравствена состојба е подобра. 

Во Германија бројот на починатите изнесува 2.431, а животот го загубија уште 7 Турци и досега од епидемијата починаа вкупно 49 Турци. Бројот на случаите на зараза во земјата пак се зголеми на 115 илјади лица. Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека нема потреба од заострување на преземените мерки во земјата пред 3 недели поради епидемијата на Ковид-19.

Во Холандија бројот на смртните случаи од Ковид-19 со смртта на уште 115 лица во последните 24 часа се зголеми на 2.511. Бројот на случаите на зараза исто така за 24 часа со раст од 1.335 лица се искачи на 23.097 лица.

Бројот на смртните случаи во Белгија се зголеми на 3.019, а на случаите на зараза со уште 1.684 новозаразени се искачи на 26.667 лица. 

Во градот Содерталје во Шведска почина 81 годишна пациентка заболена од Ковид-19 од асирско потекло по име Ханна Алтинсу која и покрај тоа што имало празни кревети не била примена на интензивна нега. Заменик шефот на болницата Бенгт Кедерлунд во врска со овој случај рече. „Она што го научивме во последно време е тоа дека се многу мали очекувањата за оздравување на оние над 80 годишна возраст на интензивна нега. Одделението за интензивна нега е многу тежок процес и во основа пациентите над 80 годишна возраст немаат сила да останат во живот.“

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се потврдени два нови смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 32. Во изминатите 24 часа регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 се искачи на 711 лица. Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања, а досега во земјата се направени 7.067 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на излекувани пациенти од вирусот во Северна Македонија изнесува 41 лице.

Во Словенија од Ковид-19 животот го загубија 45 лица, а се дијагностицирани 1.160 заразени.

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза кај некои други европските земји е вака:

Во Швајцарија 24.172/958, Португалија 15.472/435, Австрија 13.431/319, Чешка 5.589/113, Полска 5.742/175, Романија 5.467/265, Унгарија 1.190/77, Србија 2.867/66, Хрватска 1.407/20, Грција 1.955/87.

Во меѓувреме продолжува да расте бројот на човечките загуби и во Соединетите Американски Држави (САД) кои се во состојба на епицентар на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Досега во земјата се регистриран 16.686  смртни случаи, а се заразени приближно 469 илјади лица. Бројот на смртните случаи само во сојузната држава Њујорк достигна до 7.067 лица.

Починатите од епидемијата на Ковид-19 во Њујорк се погребуваат во масовни гробници на островот Харт.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со случаите на зараза од новиот тип коронавирус рече: „Од аспект на бројката на починатите се обидуваме да доловиме бројка и под предвидувањата. Се надевам дека ќе починат помал број луѓе и од проценките од 100 илјади лица.“ Откако американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) наложи задолжително носење на маски за целиот свој персонал, потоа склучи договор со една фирма со седиште во Порто Рико во износ од 86 милиони долари, за набавка на маски.

Од друга страна, по бродот носач на авиони „USS Theodore Roosevelt“ се утврдени случаи на зараза од Ковид-19 и на бродовите носачи „USS Nimitz“ и „USS Ronald Reagan“.

Во Австралија со смртта на уште 4 лица бројката на починатите од новиот тип коронавирус се зголеми на 54, а на случаите на зараза на 6.204 лица.

Во Бразил бројот на починатите од вирусот се искачи на 941 лице, а на случаите на зараза со уште 1.930 новозаразени се покачи на 17.857. Претседателот Жаир Болсонаро се слукаше фотографија со вработените на една слаткарница којашто ја посети и на излегување беше протестиран од страна на насобраните граѓани.



Слични вести