Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи во источните земји и во Африка

Во Кина од Ковид-19 починаа 3.3365, заразени се 81.907 лица, во Иран бројот на смртните случаи се зголеми на 4.232, а на заразените на 68.192 лица

1394994
Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи во источните земји и во Африка
iran-corona.jpg
iran korona kovid.JPG
İRAN KORONAVİRUS
iran-virus.jpg
iran koronavirus.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
Koronavirüs İran.1.02.04.jpg
kore kovid-19.JPG
k.kore koronavirus.jpg
Güney Afrika.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 95 илјади, а на случаите на зараза достигна до 1 милион и 600 илјади лица.

Досега од болеста се излекувани над 350 илјади лица.

Во Кина, изворната земја на епидемијата на новиот тип коронавирус, во последните 24 часа почина само 1 лице со што бројот на човечките загуби се зголеми на 3.336, на случаите на зараза  на 81.907 лица, а досега се излекувани 77.455 лица. 

Во Иран бројот на смртните случаи во последните 24 часа со раст за уште 122 лица се зголеми на 4.232, а на случаите на зараза на 68.192 лица. Како што се истакнува здравствената состојба на 3.969 заболени кои се наоѓаат на лекување е критична.

Во Јужна Кореја кадешто досега починаа 208 лица бројот на утврдените случаи на зараза изнесува 10.450 така што за прв пат од 20 февруари досега бројот на регистрираните новозаразени лица во земјата за еден ден опадна на испод 30 лица.

Во Бангладеш од Ковид-19 починаа 21 лице, додека бројот на заразените од вирусот со раст за уште 112 се зголеми на 330 лица.

Во Русија кадешто поради коронавирусот починаа 94 лица, бројот на случаите на зараза со уште 1.786 дијагностицирани се зголеми на 11.917.

Вонредната состојба во Казахстан за која се велеше дека ќе трае до 15 април е продолжена до крајот на месецот. Бројот на починатите од коронавирусот во земјата се зголеми на 9 лица, а на случаите на зараза на 802. 

Во меѓувреме, расте бројот на случаите на зараза и во земјите во Евроазија. Смртните случаи и случаите на зараза во некои земји е вака:

Во Украина 69/2/203, Киргизистан 5/298, Узбекистан 3/624, Грузија 3/230, во Ерменија 11/937.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Израел се зголеми на 92 лица, на случаите на зараза на 10.095, а над илјада лица се излекувани.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), на континентот Африка се регистрирани приближно 12 илјади случаи на зараза, а бројот на смртните случаи изнесува над 600 лица.

Коронавирусот во Алжир досега одзеде 235 животи, во Египет 103, Мароко 105, Либан 20, Јордан 7, Тунис 25, а во Оман починаа 3 лица.

Јеменската Влада соопшти дека е регистриран првиот случај на зараза од коронавирусот во земјата. Во рамките на мерките за спречување на ширењето на болеста, во Хадрамевт кадешто е регистриран случајот на зараза е донесена забрана за излегување на улица. Хусите поддржани од Иран соопштија дека поради епидемијата се пуштени на слобода 1.670 лица.

Во Ирак има 69 починати, а бројката на случаи на зараза се зголеми на 1.202 лица. Ирачкото министерство за одбрана соопшти дека е регистроран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус меѓу високите команданти во армијата.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека на Палестина кадешто починаа 2 лица ќе и испрати материјали за тестирање коишто се користат за дијагноза на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Претходно беше соопштено дека во Палестина се регистрирани 263 случаи на зараза од кои 13 во Газа. Европската унија (ЕУ) соопшти дека за борба против коронавирусот и оддели на Палестина пакет со финансиска помош во вредност од приближно 71 милион евра.

Малезиската Влада, делумната забрана за излегување на улица којашто беше прогласена минатиот месец за стопирање на епидемијата на коронавирусот, е продолжена до 28 април. Бројот на починатите во земјата се зголеми на 68, а на случаите на зараза на 4.346 лица. 

Во Индонезија пак, бројот на смртните случаи од вирусот се зголеми на 306, а на случаите на зараза на 3.512 лица.

Во Индија поради епидемијата починаа 228 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 6.771 лице.

Во Мјанмар починаа 3 лица, а бројот на дијагностицираните лица со вирусот се зголеми на 27.



Слични вести