Извршен напад од страна на приврзаници на терористичката ПКК врз џамија во Келн во Германија

Напишаните навредливи зборови и слогани со спреј на ѕидовите на џамијата биле забележани од страна на соседите по што за случајот била информирана полицијата

1394983
Извршен напад од страна на приврзаници на терористичката ПКК врз џамија во Келн во Германија

Приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК со спреј на ѕидовите напишале навредливи зборови и слогани на ѕидовите на една џамија во градот Келн во Германија, а потоа избегале.

Махмут Ќокмен, претседателот на Здружението на џамијата Ејуп Султан на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИП) Келн-Калк, истакна дека напишаните зборови со спреј на ѕидовите биле забележани од страна на соседите од чија страна биле информирани, по што за случајот била информирана и полицијата.

Ќокмен рече дека германската полиција извршила увид на местото на настанот по што била започната истрага, а воедно потсети дека сличен напад врз истата џамија од страна на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, бил извршен и на 12 март.



Слични вести