ЕУ се договори за пакет за спасување од корона кризата во износ од приближно 540 милијарди евра

Претседателот на Еврогрупата Марио Сентено информира дека земјите на Европската унија (ЕУ) постигнаа консензус за економски пакет во износ од приближно 540 милијарди евра против влијанијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1395518
ЕУ се договори за пакет за спасување од корона кризата во износ од приближно 540 милијарди евра

Земјите на Европската унија (ЕУ) постигнаа консензус за економскиот пакет во износ од приближно 540 милијарди евра против влијанијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот на Еврогрупата Марио Сентено на крајот на состанокот на министрите за финансии на земјите членки на Европската унија (ЕУ) што се одржа преку видеоконференција, соопшти дека е постигната согласност во однос на инклузивен (сеопфатен) пакет за спасување со којшто ќе бидат заштитени вработените, фирмите (компаниите) и земјите од негативните влијанија на Ковид-19.

Велејќи дека за одбрана на вработувањето во земјите на Унијата поради Ковид-19 ќе се формира нова програма за поддршка на плаќање во износ од 100 милијарди евра, Сентено појасни дека со системот ќе се обезбеди финансиски придонес за програмите за краткотрајна работа во земјите членки.

Тој рече дека е донесена одлука Европската инвестициона банка (ЕИБ) да им обезбеди кредитна гаранција на компаниите (формите) во износ од 200 милијарди евра.

Привлекувајќи внимание дека за доставување финансиска поддршка на земјите членки ќе биде формирана и кредитна програма во износ од приближно 240 милијарди евра под име „Поддршка за епидемска криза“, претседателот на Еврогрупата Марио Сентено  напомена дека земјите членки на Еврогрупата овие фондови ќе можат да ги искористат само во сфери како што се здравствениот сектор и лекувањето од Ковид-19.

Сентено исто така укажа и на тоа дека на состанокот било поставено на дневен ред и формирањето на инструмент за заеднички долг (коронабоно) за финансирање на политиките коишто се применуваат во однос на епидемијата, а воедно истакна дека ќе продолжи да се работи на ова прашање.

Инаку; Франција, Италија и Шпанија како најмногу погодени земји од епидемијата, бараа земјите на Европската унија (ЕУ) да формираат систем за заедничко задолжување.

Од друга страна пак, земјите на чело со Германија и Холандија остро се противеа на тоа.



Слични вести